• Latest

Одложена расправата по жалбите на осудените за „Монструм“

May 30, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одложена расправата по жалбите на осудените за „Монструм“

May 30, 2017 12:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради отсуство на бранителот Насер Рауфи, Кривичниот совет со кој заседаваше судијата Јово Вангеловски, денеска ја одложи јавната расправа по жалбите на шестeмина осудени за петкратноto убиство во случајот „Монструм“, за што добија доживотни затворски казни. На 9 јуни е закажан новиот термин за јавна расправа за масакрот кај Смилковско Eзеро.

Обвинителката Лилјана Спасовска побара одлагање на следната расправа сѐ додека не се прибават сите факти, коишто ги опфаќаат и доказите со коишто располага Специјалното јавно обвинителство. Повикувајќи се на соопштение коешто било објавено на веб-страницата на Врховниот суд, во кое се тврдело дека СЈО не одговорил на барањето на Судот, таа смета дека јавната расправа по жалбите треба да се одложи на неопределен рок.

Лилјана Спасовска, обвинителка во случајот „Монструм“

„Откако претседателот на Советот ја одложи седницата за 9 јуни, побарав да постапат согласно со член 361 од ст. 4 од Законот за кривична постапка, а тоа е ситуацијата во која за некој предмет во жалбената постапка ќе се појават нови факти, тогаш судијата-известител побарува од тие државни органи, правни лица или институции што ги поседуваат тие факти, да ги прибави списите или извештаите поврзани со тие нови факти. Без разлика дали тие нови факти ќе имаат директни или индиректини импликации на овој кривично-правен настан. Но, и мене начелото на легалитет и законито постапување во секој кривичен предмет и законита постапка ме обврзува да го барам ова од Врховниот суд, а посебно Врховниот суд го обврзува, зашто тој е највисокиот суд во Република Македонија и неговите одлуки треба да бидат правични, правно предвидливи и правно извесни. Тоа значи да се базираат на доказите во секој кривично-правен предмет“, изјави обвинителката Спасовска.

Според Вангеловски, пак, обвинителката има или погрешна или делумна информација, за постоење на допис од СЈО. „Дописот не е во никаква корелација со овој предмет“.

М. Т.

Tags: „Монструм“врховен судЈово ВангеловскиКривичен советЛијана Спасовсканови доказиодложено судењеСЈОСмилковско езеросудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ