Денешното рочиште за предметот на СЈО, „Тврдина 2“ е одложено за 26 септември поради промена на акдвокатскиот тим што ги застапува обвинетите.
Наместо досегашниот бранител Никола Додевски кој ги застапуваше речиси сите функционери на ВМРО – ДПМНЕ, првообвинетиот Горан Грујовски сега ќе го брани адвокатот Љупчо Шврговски, инаку, поранешен државен јавен обвинител, кој денеска побарал одложување на рочиштето за да може да се запознае со предметот.
Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, на својот Фејсбук профил кусо прокоментира: „Само во Македонија може поранешен државен јавен обвинител да биде одбрана на осомничен за дела сторени во период додека извршувал функција обвинител!“
За Грујовски кој е обвинет во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ СЈО побара притвор, но судот одлучи само да му го одземе пасошот.