• Latest

Одложено судењето за „Шамарите во Центар“

September 28, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одложено судењето за „Шамарите во Центар“

September 28, 2017 13:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Никола Груевски, пратеничката Даниела Рангелова и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска се појавија во Основен суд Скопје 1, во својство на обвинети за предметот „Шамари во Општина Центар“. Но, рочиштето повторно беше одложено поради неоправдано отсуство на обвинетите, Димче Крстев и Милан Андоновски. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара за следното судење, Крстев да биде донесен со полициска асистенција, зашто пред судот не го оправдал отсуството.

Судијката Татјана Михајлова околу половина час ги легитимираше присутните, обвинетите, сведоците и оштетените, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и останати вработени од Општината.

Михајлова на крајот на рочиштето на обвинителеката Фетаи ѝдаде три поднесоци од Апелациониот суд, со кои појаснува, зошто на минатото рочиште не бил предметот во судот. Според Фетаи, ова е само обид на судијката за оправдување поради пролонгирањето на постапката.

„Судењето се одложи поради неисполнување на законските одредби. Како што рече судијката, ако даде Господ, следното ќе се одржи. Господ сигурно нема да помогне, ако судот не ги исполни законските одредби. Конкретно, ние побаравме стражарно приведување на еден обвинет, а дали судот ќе прифати, ќе видиме“, изјави Фетаи по излегувањето од Судот.

На рочиштето дојде и Саша Богдановиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар.

„Скандалозното кршење на просториите на Општина Центар и нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, од тогашниот премиер Никола Груевски, се случија во 2013 година. ‘Бомбата’ во која Груевски бара шлаканици и протести пред Општината Центар ја објавив јас, во 2015 година, а ја слушна целата македонска јавност и пошироко. Еве, сега, по четири години од срамниот скандал, му се суди на Груевски за извршеното демолирање и насилство во Општината“, рече Богдановиќ.

Tags: „Шамари во Центар“Андреј ЖерновскиВМРО-ДПМНЕДаниела РангеловаМиле ЈанакиескиНикола Груевскиодложено рочиштеСЈОФатиме Фетаи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ