• Latest

Одлука за оглас за директор на ОТА

May 21, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одлука за оглас за директор на ОТА

May 21, 2018 13:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА). 

За избор на директор се објавува јавен оглас во најмалку два дневни весници, на македонски и на албански јазик, кои се издаваат на целата територија на Република Македонија.

Директорот го избира и разрешува Собранието на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се бира со двотретински мнозинство и со бадинтерово мнозинство. Има мандат од пет години, без право на повторен избор.

Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието и пратеник од СДСМ потсети дека сите политички партии се согласиле дека критериумите за директор треба да бидат многу силни, не само во однос на политичката независност, туку и од аспект на тоа како се избира директорот.

Од собраниската говорница таа апелираше до сите професионалци кои ги исполнуваат условите и кои, како што кажа, немаат извалкано име да се пријават на огласот.

– На овој оглас треба да се јават професионалци кои немаат извалкано име, тука мислам и на оние можни кандидати кои имаат стручно, професионално знаење од областите и сферите што се дефинирани во законот, рече пратеничката.

Ташевска Ременски кажа таа нема да гласа за предлог на директор на ОТА кој бил дел од структура која учествувала во големата афера за следење на комуникациите на граѓаните, вклучувајќи го и самиот начин на непостапување и пропуштање на службени дејствија во случај да знаеле за злоупотреба.

– Тоа не амнестира ниту еден вработен во УБК, рече таа.

Драган Данев, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека со злоупотреби со прислушпување Македонија се соочува дваесетина години и дека доколку добро се читаат извештаите на Прибе, ќе се види дека таму забелешките се дека во Македонија законите не се имплементираат, а не дека ги нема. Според него, директор на ОТА треба да биде човек со кредибилитет. Изрази надеж дека во иднина нема да се дозволат злоупотреби во следење на комуникациите.

Ејуп Алими од ДУИ смета дека верува дека изборот на директор на ОТА ќе овозможи Македонија да чекори по вистинскиот пат и да не се злоупотребува пшрислушувањето.

Агенцијата со амандманските измени на Закокот за формирање на ОТА ќе има само директор, а не и заменик, како што претходно беше предвидено.

Законите за следење на комуникациите и за ОТА, кои беа дел од пакетот реформски закони беа усвоени на 12 минатиот месец. Тие беа донесени со консензус, постигнат по разговорите во работните групи од страна на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието во рамки на 46. седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница како превенција од евентуален нов мигрантски бран до крајот на оваа година.

Донесени одлуки за други предлози за распишување огласи и избор на членови на Комисијата за хартии од вредност. (МИА)

Tags: директорОгласодлукаОТА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ