Ограноците на ДУИ во Сарај и Чаир се револтирани од листата на новите владини функционери. Алсат пишува дека последниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ го бојкотирале и новоизбраните пратеници, Изет Меџити и Арбен Зибери, по барање на нивните членови.
Тие се противат на именувањето на Артан Груби и Бујар Османи без консултација на скопските ограноци на ДУИ. Извори од партијата брифираат дека реакции имало и од другите ограноци како тој во Струга и токму заради тоа се одложило и именувањето на министерот за информатичко општество.
И на социјалните мрежи, истакнати активисти од Чаир и Сарај, ноќта и утринава го повикуваат јавно Ахмети да ја разгледа листата на предложените функционери, заканувајќи се дека пратениците од овие ограноци може да не гласаат ниту за изборот на Талат Џафери, ниту за новиот владин кабинет.
Ниеден од функционерите засегнати со овие критики денеска не одговара на телефонските повици.
А. Зеќири