• Latest

Огромни фабрики и индустриски зони ни ја уништуваат животната средина

January 31, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Огромни фабрики и индустриски зони ни ја уништуваат животната средина

January 31, 2018 15:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Преку аудиовизуелизација и дебата до полесно и поефикасно учење“, во организација на ЦИВИЛ Млади покажа во кој правец се развива конструктивна дискусија ученик-ученик, ученик-професор и професор-професор. 

На тема „Либерализација, глобализација, светски пазар и Светска банка“, преку документарниот филм „Најсреќната кикиритка во светот“ и презентација со која подлабински навлеговме во зададената тематика, средношколците се обидоа да ги пренесат нивните ставови и потреби до професорите, а тие нивното искуство и поглед кој технологијата и овој начин на работа.

„Сигурно нема шанси да се оддалечиме многу од глобализацијата и слободата на либералниот капитализам, но барем можеме да се потрудиме да ги користиме ресурсите кои се наоѓаат во нашата локална средина. Јас лично немам позитивно мислење за Светската банка затоа што според мене членките кои најмногу вложуваат, тие имаат најголемо право на глас “, смета Анџела Арсенијевиќ една од говорничките на дебатата.

Горазд Орданоски, пак, изјави дека е задоволен од Светската банка.

„А вистинското прашање е дали без глобализацијата и модерната технологија кој ни ја носи самата глобализација, дали еден од нас ќе може да живее без нејзе не два месеца туку само еден ден, без својот лаптоп,компјутел, телефон. Јас сметам дека ние глобализацијата не можеме и не смееме да ја оттргнеме ние треба да научиме како да живееме  правилно со глобализацијата, да научиме како да живееме правилно со телефонот“, објасни Орданоски.

„Модерните светски политики почнуваат да ни го нарушуваат природниот амбиентален начин на живот, напредокот на глобализацијата и либералните пазари кои во помали земји градат огромни фабрики и индустриски зони ни ја уништуваат животната средина. Ќе се сложам и со ставот на Анџела дека не можеме туку така да го оттфрлиме глобализмот но сепак треба да ги штитеме нашите ресурси, да се обидеме ние самите да произведеме нешто, а не некој друг , и да ја зачуваме нашата животна средина затоа што тоа е нешто што ќе ни остане на крај“, сметаше модераторот на дебата.

Еден од присутните ученици ја поздрави иницијатаивата и додаде : „ Јас мислам дека модерното време колку и да е напредно и слободно наметнува сите ставови и интереси да бидат наменети кон едно место.“

Настанот се одржа во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ со поддршка на ЦИВИЛ-Центар за слобода и Македокс.

Вакви настани се планираат и во низа други училишта на подрачјето на Град Скопје.

ЦИВИЛ Млади ги повикува сите заинтересирани училишта, ученици и професори доколку се заинтересирани можат да се информираат на ЦИВИЛ МК, Citizen Journalists Macedonia, на веб сајтот за граѓанското новинарство clp.mk i на фејзбук страницата и сајтот на Македокс.

Давид Стојановски

Tags: глобализацијадебаталиберализацијаЦивил Млади
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ