Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство.
Станува збор за Вилма Русковска, и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои од Суд барале наредба за претрес, под наводно лажни основи. Веста за ја потврдија и извори за НоваТВ.
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при ЈОРМ, оценува дека постои основано сомнение дека трите обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда за намерна и неоправдана професионална грешка.
Комисијата сега треба да закаже седница на која ќе треба да бидат повикани обвинителките и подносителот на барањето обвинителот Љубомир Јовевски.
Јовевски го поднесе барањето за поведување дисциплинска постапка на обвинителките откако утврди нерегуларности во постапувањето со екс – директорот на Финансиска, Арафат Муареми. Претставката до Јовевски беше поднесена од Управата за финансиска полиција односно екс директорот Арафат Муареми.
„Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Против ова решение на Комисијата не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог“, се вели во соопштението на ОЈО.
Извор: новатв.мк