• Latest
EPA-EFE/Georgi Licovski

ОЈО ја чешла документацијата за модуларната болница во Тетово, власта очекува брза истрага, опозицијата бара одговорност

September 18, 2021
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОЈО ја чешла документацијата за модуларната болница во Тетово, власта очекува брза истрага, опозицијата бара одговорност

September 18, 2021 09:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
EPA-EFE/Georgi Licovski

EPA-EFE/Georgi Licovski

Share on FacebookShare on Twitter

Истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера почнаа со првично разгледување на документација за модуларната болница во Тетово добиена од Бирото за јавни набавки и од Министерството за труд и социјална политика. Власта, од своја страна, порача дека воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, нагласувајќи дека очекува брза и успешна истрага за целиот случај.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вчера информира дека истражителите почнале со разгледување на документацијата, но нагласи дека засега нема никакви поконкретни сознанија.

Таа потенцира дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е надлежно само во делот на јавната набавка и само ќе се проверува дали се испочитувани процедурите.

– Само тоа е наша надлежност, друго не, потенцира Русковска.

Таа повтори дека ЈО нема информации кој направил технички прием на болницата, додавајќи дека ја добиле техничката спецификација на англиски јазик и веднаш ја испратиле во Обвинителството во Тетово за да можат со неа да се запознаат експертите од Германија.

Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово.

– Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности, изјави Маричиќ, посочувајќи дека сите институции им се ставени на располагање на германските истражители за да помогнат во истрагата.

Маричиќ посочи дека сите документи се предадени на надлежните институции и се обезбедени сите предуслови за брза и успешна истрага.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак, вчера повтори дека не бега од одговорност за целиот случај. Тој нагласи дека модуларната болница била пуштена во употреба откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.

Филипче потенцира дека модуларните болници се концептот што го користи цел свет, зашто овозможиле да се хоспитализираат сите ковид-пациенти и дека и сега има огромен број пациенти кои се лекуваат во ваквите објекти.

– Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио – луѓето да нема каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потврдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ и вчера одново побара одговорност и оставки поради пожарот во тетовската модуларна болница. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски оцени дека „одбивањето на оставки во Владата“ значи дека таа „нема морал и не чувствува одговорност“.

– ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од Владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче, туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага која мора да ја има, истакна Мисајловски.

СДСМ, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ не престанува „да го политизира трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, очајно обидувајќи се да спечали некаков политички поен“.

– Од белиот дворец повторно со политикантство се обидуваат да профитираат и тоа додека трае истрагата која треба да ги даде сите одговори поврзани со пожарот. И сето ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го прават затоа што се загрижени, затоа што им е жал за загубата на човечки животи, туку затоа што бескрупулозно се борат за гола власт, порачаа од СДСМ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пренесувајќи го ставот на неговата партија ДУИ, изјави дека треба да се почека да заврши експертизата и потоа да се донесе одлука за „депонираните морални оставки по пожарот во тетовската модуларна болница“.

Според Османи, поцелисходна ќе биде одлуката која што ќе се заснова на објективни факти отколку само на политиканство и на повици на опозицијата.

– Мислам дека е најсоодветно е да се има експертизата, да се има моралниот, етичкиот момент, политичкиот и партискиот момент, сите аспекти и да се донесе мериторна одлука. Праведна е одлуката на премиерот кога вели сакам во комплетирањето на оваа прашање да имам објективна експертиза од страна на странски експерти, рече Османи.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово, што се случи на 8 септември, починаа 14 лица, а 12 други беа повредни. За целиот случај во тек е истрага што се спроведува со поддршка на експерти од германската Криминалистичка полиција, кои од четвртокот се на терен.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ