• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

OJO одговори на прашањата на ЦИВИЛ за улогата на Орце Камчев во случајот „Рекет“

October 2, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

OJO одговори на прашањата на ЦИВИЛ за улогата на Орце Камчев во случајот „Рекет“

October 2, 2019 15:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи и Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, поттикнати од колумна Зошто Орце Камчев не одговара за давање награда?, во рубриката МИСЛА, од 28 септември 2019 на ЦИВИЛ Медиа, до Основното јавно обвинителство ги постави следните прашања:

Дали ЈО има сознанија кој ги дистрибуирал снимките во странскиот медиум? Што има преземено во врска со тоа?

Снимките објавени во странскиот медиум се снимки од домот на Орце Камчев кои тој ги документирал и тој располагал со нив. Што е тоа што спречува одговорноста за дистрибуирање на снимки кои се доказ во оваа постапка, а се предадени во друга држава, да се бара директно од Орце Камчев?

Во неколку наврати ЈО изјави дека, заради доверливоста на постапката, не сака да изнесува детали околу случајот пред јавноста, додека дел од доказниот материјал се најде во странски весник. Дали лицето кое ги има предадено снимките на овој начин треба кривично да одговара и за кое дело

Дали како обични граѓани, ако сакаме да дадеме поткуп некому „за да ни заврши работа“ и одлучиме да го снимиме лицето кое го поткупуваме (корумпираме), па откако ќе ни ја заврши работата, го пријавуваме кај премиерот или кај некој друг функционер или дури и кај Вас, а снимките ги даваме дополнително на некој медиум за да има забава, нема да одговараме?

 

Прашањата беа упатени до Г-н Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија и  Г-ѓа Вилма Русковска, обвинителка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Од службата на ОЈО за односи со јавноста го добивме следниот одговор:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно закон има надлежност за постапување само за кривични дела сторени на територијата на Р.С.Македонија.

Согласно своите надлежности обвинителството презема активности за утврдување како детали од истрагата се појавија во македонските медиуми. Во рамките на постапката по обезбеден доказен материјал, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик. Постапката продолжува во насока на обезбедување на докази и утврдување кое лице ги предало документите на обвинетиот новинар, доколку се идентификува ова лице и против него ќе биде поведена кривична постапка“.

Прашањата се во контекст на  актулениот случај „Рекет“. Засега обвинети се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец

Б. Ј.

Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ