• Latest

Окрупнување на парцелите за конкурентно земјоделство

April 5, 2018
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Окрупнување на парцелите за конкурентно земјоделство

April 5, 2018 11:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија има најрасцепкани парцели во споредба со останатите земји од регионот и тоа мора да се промени, но освен заложба на институциите, неопходна е и голема посветеност на земјоделците, беше речено на денешната инфо-средба во село Спанчево.

Како што нагласија министерот за земјоделство Љупчо Николовски и претставниците на ФАО и на Европската унија, консолидацијата на обработливото земјиште е почетна точка за создавање активни земјоделци – претприемачи, подготвени за успешен натпревар на европскиот пазар.

На средбата, производителите и сопствениците на земјоделски парцели од Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик беа запознаени со текот и реализацијата на окрупнувањето на земјиштето. Николовски информира дека веќе влегоа во собраниска процедура и измените на Законот за консолидација кои се основа за успешно спроведувањена целиот процес.

Изминатите неколку месеци, потсети Николовски, беа идентификувани регионите каде што е потребно и можно окрупнување на земјиштето, а пристигнаа вкупно 40 изјави од различни локални заедници за учество во проекти за консолидација.

– Со окрупнување на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое стопанство да поседува поголема парцела, со правилна форма, а клучни придобивки се: намалување на трошоците за обработка, зголемување на приходот и профитабилноста по хектар, употреба на модерна  механизација и технологии, како и одржливо управување со природните ресурси, рече министерот.

Според него, консолидацијата овозможува и подобрување на руралната инфраструктура согласно локалните потреби на заедниците, изградба на патишта до нивите, системи за наводнување и одводнување, а го олеснува и решавањето на проблемите со регистрација на земјиштето. Се тоа води кон подобрување на животниот стандард во руралните средини и се очекува да ја намали тенденцијата на напуштање на селата и обработливото земјиште.

Во кусото обраќање, Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, и  главниот технички советник на ФАО Вилма Даугалиене порачаа дека целта на консолидацијата е поголема продуктивност и производство кое подеднакво со другите ќе може да се натпреварува на европскиот пазар.

Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик се четири од дванаесетте локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште. Главни критериуми за нивниот избор се прекумерната расцепканост на површините и ситните парцели кои имаат негативно влијание врз продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на доминантното производството на ориз. Овие подрачја се карактеризираат со висок процент на изложеност на земјиштето, рамен терен, мала застапеност на повеќегодишни култури и мал број недвижни објекти во секоја област, а земјоделците се особено заинтересирани и сакаат да учествуваат во процесот на консолидација.

Во наредниот период, проектот Маинланд ќе спроведува физибилити студии (за изводливост) во избраните подрачја за да се процени моменталната состојба на терен, да се потврди подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиштето да се вклучат во процесот, да се идентификуваат индивидуалните потреби и да се испитаат другите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата. Врз основа на анализата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите и ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во нови пристапни патишта и инфраструктура за наводнување и одводнување, зависно од потребите во секоја заедница.

Маинланд го спроведува ФАО во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ. 

[divide]

извор: МИА

Tags: земојделиеМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ