• Latest

Олеснети условите за користење на мерката плата 14.500 денари по вработен и нова линија бескаматни кредити од 8 милиони евра за угостителите

April 10, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Олеснети условите за користење на мерката плата 14.500 денари по вработен и нова линија бескаматни кредити од 8 милиони евра за угостителите

April 10, 2020 13:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку појаснување на мерките, како и прилагодување на истите согласно потребите и барања, Владата ќе излезе во пресрет на угостителите, беше заклучено на денешниот состанок на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на кластерите за угостителство при стопанските комори.

Министерката за финансии Ангеловска рече дека се отворени за брза комуникација, да ги објаснат, но и прилагодат мерките за да се излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор.

Таа посочи дека се направени промена во урередбата за мерката плата 14.500 денари по вработен за мали и микро претпријатија со која се овозможува сопственикот и управителот ако се вработени во фирмата да можат да аплицираат за мерката. Исто така покрај овој услов беше променет и условот 2 месеци наместо 4, да се задржи истиот број на вработени по користење на истата.

„Дополнителна дилема која ја расчистивме е за кои работници може да се користи оваа мерка. Мерката може да се користи од секоја компанија која има пад од повеќе од 30% од приходите за сите работници кои имаат плата под 39.900 денари и кои користат активни ослободувања од придонеси и персонален данок, односно за работодавачи кои користат целосно ослободување од придонеси од проектите „Македонија вработува 1 и 2“ .  Не се работи за мерката за покачување на платите која беше лансирана минатата година. Ако ја искористиле мерката за субвенционитрање на придонеси за покачување плата тоа може да ја користи и оваа мерка“, рече Ангеловска.

Таа најави дека Развојната банка наскоро ќе ја пушти втората кредитна линија од 8 милиони евра и и кредитите ќе изнесуваат 90.000 евра согласно бројот на вработени. Истата ќе биде отворена за  трите погодени сектори, но и за сите останати сектори погодени од кризата.

Министерот Бектеши информираше дека состанокот со туристичко-угостителскиот сектор бил многу конструктивен, бидејќи се отвориле прашања за нивни дополнителни барања со цел за полесни користење на владините мерки за поддршка на бизнисот погосен од здравствено економската криза предизвикана од Коронавирусот.

„Министерството за економија веќе има обезбедено средства за директна поддршка на овој сектор преку Фондот за туризам кој веќе е основан, но ќе биде активен по завршување на кризата, односно во периодот на опоравување. Тој ќе биде насочен за директна поддршка на туристичкиот сектор и во моментов се обезбедени 95 милиони евра, средства кои е предвидено да се зголемат во наредниот период  во согласност со штетите кои ќе ги претпрпат овие компании. Во понеделник очекуваме дополнителни предлози и насоки од туристичко-угистителскиот сектор за тоа во која насока е најлесно да се користат мерките од нивна страна кои ќе бидат разгледани во вторник на состанокот на Координативното тело по што ако има потреба ќе бидат донесени дополнителни мерки“, истакна Бектеши.

Угостителите го поздравија дијалогот со владата.

„Во делот на новите уредби кои ги донесе Владата покажаа позитивен чекор за некои од работите кои ние ги укажувавме и е добар чекор и се надевам дека ќе продолжи така соработката и понатаму. Ни фалеше ваков конструктивен дијалог. Ќе се потрудиме да ги пренесеме нашите мерки најдобрто што можеме и сакам да нагласам дека приматот го ставаме на како да ги задржиме нашите вработени и како да добиеме најмногу средства за нив“, рече Мартин Ангеловски претставник на угостителскиот сектор.  

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ