• Latest

ОН ја повикаа Австралија да се откаже од јагленот во енергетиката

September 6, 2021

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ОН ја повикаа Австралија да се откаже од јагленот во енергетиката

September 6, 2021 11:08
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот советник на ОН за климатските промени Селвин Харт ја повика австралиската влада да ги засили напорите за постепено укинување на јагленот, во спротивно климатските промени драстично ќе ја оштетат економијата на земјата.

Потпирањето на Австралија на енергија од јаглен ја прави една од најголемите емитувачи на јаглерод во светот по глава на жител, но нејзината конзервативна влада постојано ја поддржува индустријата за фосилни горива, велејќи дека построгите чекори во однос на емисиите ќе чинат работни места.

– Ние целосно ја разбираме улогата што јагленот и другите фосилни горива ја одиграа во економијата на Австралија, иако рударската индустрија учествува со мал дел – околу два проценти од вкупните работни места, рече Харт во говор пред австралискиот Национален универзитет во Канбера.

– Но, од суштинско значење е да имаме поширок, поискрен и рационален разговор за тоа што е во интерес на Австралија, додаде тој.

ОН повикаа на постепено укинување на јагленот до 2030 година во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), вклучително и Австралија.

Во јули, министрите за енергетика и животна средина на Г20 не постигнаа договор за постепено исфрлање на јагленот до 2025 година. Но, некои експерти велат дека постои шанса за напредок за време на климатските разговори на ОН во Глазгов во ноември.

Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека Австралија е на пат кон нето нулта емисија на јаглерод, но не се обврзала да поднесе план и распоред. Тој рече дека Австралија ќе ги ажурира своите прогнози за емисија на штетни гасови во 2030 година пред преговорите во Глазгов.

Повеќето други развиени земји потпишаа цел за нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.

Харт рече дека австралиската Влада мора „да го искористи моментот“ и да премине на обновливи извори.

– Ако светот набргу не се откаже од јагленот, климатските промени ќе направат хаос врз целата австралиска економија: од земјоделство до туризам и целиот сектор на услуги, рече тој.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ