Канцеларијата на ОН за човекови права објави дека внимателно ја следат ситуацијата во врска со протестите во Србија, и ги повикаа властите да ја почитуваат слободата на изразување и собирање.
„Внимателно ја следиме ситуацијата бидејќи имаше извештаи за насилство, малтретирање и произволни апсења на демонстранти“, објави канцеларијата на социјалната мрежа X и ги повика властите во Белград да „се воздржат и да ја почитуваат слободата на изразување и мирното собирање“.
#Serbia: We are closely following situation after reports of violence, harassment & arbitrary detention of protesters. Urge authorities to exercise restraint, & to respect freedom of expression & peaceful assembly. We call for trust-building measures to open a pathway for renewal… pic.twitter.com/h25vF9h4bc
— UN Human Rights (@UNHumanRights) July 2, 2025
Во краткото соопштение се наведува и: „Повикуваме на спроведување мерки за градење доверба за да се отвори патот за обновување на општествениот договор“.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, за време на неговата посета на Белград кон крајот на мај оваа година, рече дека забележал „длабока поларизација и поделба во општеството“ во Србија.
Според белградските медиуми, ов вечерва не е во функција градскиот сообраќај откако е одлучено автобусите да бидат повлечени од улиците. Трамваите и тролејбусите веќе прекинаа со сообраќање денеска поради се поголемот број протестни акции на студентите во блокада и граѓани кои ги поддржуваат.