• Latest

ОПАСНИ ИГРИ НА БАЛКАНОТ: Национализам, хегемонизам и руски врски

January 30, 2025

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

ОПАСНИ ИГРИ НА БАЛКАНОТ: Национализам, хегемонизам и руски врски

Србија како доминантна сила на Балканот може да се опише со неволност за соочување со минатото, хегемонизам и хармонија со руските воинствени стратегии

January 30, 2025 13:21
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

  • Србија, како доминантна сила на Балканот, продолжува да одбива соочување со минатото, а спроведува хегемонизам и се усогласува со интересите на Русија. Овие фактори ја поттикнуваат регионалната напнатост, го попречуваат демократскиот напредок и ја зајакнуваат пошироката стратегија на Москва за дестабилизација.
  • Друг алармантен тренд е забрзаното воено вооружување на Србија. Таа останува најмилитаризирана земја на Балканот, увезува оружје од Русија, Кина, Израел и земји на НАТО, а одржува нејасен став кон интеграцијата во ЕУ. Оваа милитаризација, во комбинација со национализмот, хегемонизмот и усогласеноста со Русија, предизвикува сериозна загриженост за потенцијални конфликти во регионот.
  • Регионот не може да се спротивстави на дестабилизирачките дејства преку изолирани национални политики; неопходен е силен, обединет одговор. Србија и другите балкански земји мора да ги признаат воените злосторства, да стават крај на глорифицирањето на воените злосторници и да преземат значајни чекори кон помирување.
  • Независните медиуми, граѓанското општество и продемократските сили на Балканот имаат потреба од значителна поддршка за да ѝ се спротивстават на националистичката и прокремљовската пропаганда. Европската интеграција на Србија мора да биде условена со вистински демократски реформи, немешање во внатрешните работи на земјите во регионот и демилитаризација.
  • Прогресивните сили на Балканот мора да ги координираат своите напори за да се спротивстават на авторитарниот експанзионизам и националистичките агенди.
  • Без одлучно дејствување, Србија ќе остане клучен инструмент во руските стратегии на хибридно војување, и ќе продолжи со продлабочување на нестабилноста на Балканот. Западот не може да си дозволи да ги потцени последиците од овие опасни игри на моќ.

Србија може (и треба) да се посматра во три контексти: соочување со минатото, хегемонизам, и усогласеност со руските интереси и воинствени стратегии за Балканот. Тие контексти се меѓусебно зависни и усогласени, и секако се далеку покомплексни отколку што тоа може да се открие во една кратка анализа, но важно е да бидат споделени и во ваков, да го наречеме, телеграфски формат, за да послужат како потсетник и вовед во пообемни истражувања и анализи.

Историја на (не)соочување со минатото

Србија е држава (и општество) што никогаш не успеа да се соочи со сопственото минато, вклучително и со фактот дека на крајот од 20-от век нејзините сили водеа освојувачки војни против довчерашните сограѓани, бомбардираа цели градови без селекција, направија концлогори во кои мачеа, силуваа и убиваа цивили, извршија безброј воени злосторства и извршија геноцид во Сребреница.

Сето тоа е документирано и потврдено од меѓународните институции, медиуми, истражувачи и – судови. Земја што не може и не сака да се соочи со минатото, нема никогаш да живее во мир со себе и со другите. Оваа констатација, колку што е мрачна, толку е и вистинита и се докажала низ историјата и се докажува и денес.

Хегемонизам и системска репресија

Понатаму, треба да се установи уште еден факт, а тоа е дека Србија никогаш не се откажала од сопствениот хегемонизам на Балканот. Тоа се гледа низ целиот 20-ти век (да не одиме подлабоко во минатото). Српските политички, воени и верски лидери, поддржани од интелектуалните елити, јасно покажале дека сакаат Србија да доминира со Балканот по секоја цена, почнувајќи од културна и верска доминација, раселување и колонизирање, завршувајќи со системска репресија.

Ако некој се залажува дека тоа не било случај и во комунистичка Југославија, доволно е да се спомне Александар Ранковиќ и „доброволната размена“ на луѓе од 1950-те кога десетици илјади Турци, Албанци и други „непожелни“ беа принудени да бараат нов дом – во Турција.

За српскиот хегемонизам по распадот на Југославија нема потреба да се елаборира посебно, имајќи ги предвид војните и злосторствата од 1990-те, а на почетокот на 21-от век доволно е да се спомне улогата и дејствувањето на хибридните операции на добро познати ликови и структури во Република Српска, Црна Гора, и северниот дел од Република Косово.

Руска пропаганда на српски јазик

Освен добро документираните војни од 1990-тите, очигледно е и современото српско влијание на Балканот кое белградскиот режим спроведува преку (не секогаш) софистицирана комбинација на „мека“ и „тврда“ моќ. Медиумите под контрола на режимот на Александар Вучиќ, како во Србија, така и во регионот, служат како стратешки инструменти на пропагандата, како српска, така и руска.

Не мора да се оди подалеку, доволно е да се наведе фактот дека РТ (Russia Today / RT), канал на руската воена пропаганда, забранета од најголем дел на западните демократии по руската инвазија против Украина, има свое студио во Белград (!) и тоа на српски јазик (РТ Балкан). Српските медиуми под контрола на режимот се доминантни канали за авторитарна, националистичка и проруска пропаганда не само во Србија, туку и во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, а во одредена мерка и пошироко.

Мека моќ: Српско-руско-кинеско економско влијание

Тука е и „меката моќ“, изразена преку економските врски, како што се српските инвестиции во телекомуникациите, но и во други сектори, кои се комбинирани со кинески и руски капитал. Тоа дополнително го зајакнува српско-руско-кинеското влијание врз соседните земји, со директни бенефиции за режимот во Белград. Воедно, го одржува во живот вековниот интерес на Москва за пристап до Јадранот, а со тоа и во Медитеранот, како што во историски контекст, меѓу другите, на неколку места го истакнува Бранимир Анзуловиќ во „Небесна Србија: Од мит до геноцид“ (Hurst & Co. 1999). За современите настани и процеси поврзани со руското влијание на Балканот и улогата на Србија во тој контекст пишува и Џејмс Мекбрајд во анализата „Руското влијание на Балканот“.

Да се вратиме на сегашноста. Во секој случај, разузнавачката и безбедносната координација со режимот на Владимир Путин останува постојана закана, бидејќи ја прави Србија отворен канал за реализација на стратешките интереси на Москва во регионот. Како за Русија, така и за Србија, доволно е во регионот да има нерешени прашања и континуирани тензии меѓу соседите и внатре во државите. Разликите – етнички, верски, политички и културни – вешто се користат да се поларизираат општествата, да се посее страв и недоверба, и да се создаваат услови за конфликти. Накратко, одржување на состојбата на несигурност преку вечно нерешавање на конфликтните прашања. За тоа говори и реномираниот новинар и аналитичар Ветон Сурои во интервјуто „Западен Балкан сè уште е во зоната на незавршени конфликти“.

Непотребно да се пречкрта: Визија за поинаква Србија

Сепак, иако српскиот хегемонизам и усогласеноста со Русија се доминантни децениски трендови во Србија, исклучително важно е да се истакне дека не целото српско општество го следи овој пат. Новинари, активисти и опозициски политичари со години ги оспоруваат националистичките наративи и сè поголемото приближување на Србија кон Русија. Тоа го прават често по висока цена по нивните кариери, но и по цена на личната безбедност. Познати се и заложбите на независните медиуми, како што се Danas, N1, Nova и други.

Понатаму, граѓанските организации и движења, како и студентите што кренаа голем дел од Србија на нозе во изминатиов период, се јасни докази дека земјата има прогресивни сили кои му се спротивставуваат на авторитарниот режим во Белград. Наспроти силните напори на власта, тајните служби и послушните пропагандистички медиуми на направат сè што е можно да ги маргинализираат протестите, граѓанските протести во Србија се доказ дека постои и алтернативна визија за земјата.

Но треба да се земе предвид и тоа дека катализатор на големиот граѓанските револт во Србија е барањето одговорност поради несреќата со уривањето на дел од железничката станица во Нови Сад во ноември 2024. Дали и на кој начин тоа ќе води кон прогресивна и демократска Србија, останува непознаница.

Северна Македонија: Нежност и нега за српскиот хегемонизам

Што се однесува до Северна Македонија, голем дел од политичките и интелектуалните елити го прифаќаат и со посветена нежност го негуваат српскиот хегемонизам во сопствената земја. Доволно е да се погледне само неодамнешната прослава на Свети Сава во Скопје и да се каже дека тоа не е некој посебен преседан.

Се разбира, македонската политика и општеството имаат далеку покомплексна динамика и, без оглед на тоа што српската политика и култура (и кич) се неприкосновено доминантни, прогресивните политички и интелектуални кругови на земјата ѝ даваат и поинаков квалитет – модерен и космополитски, каков што ѝ прилега.

Кому му одговара ваква Србија и ваков Балкан?

Како и да е, кому му одговара ваква Србија и ваков Балкан? Одговорот е сосема јасен: На Кремљ, се разбира. Руската политика спроведува долгорочни стратешки операции за континуирана дестабилизација на регионот. Агресивните пропагандни и разузнавачки операции, придружени со евергрин наративите за „одбрана од албанската наезда“, одат заедно со промоцијата и инсталацијата на „српскиот свет“. Тие операции и патернализацијата, односно присвојувањето на македонската (веројатно може да се каже) национална, културна и верска самобитност, се дел од стратегиите кои се целосно усогласени со тоа што пропагандно се нарекува „руски свет“.

Руско-српски хибридни операции против македонските интеграциски процеси

Операциите на српските и руските безбедносни структури  повремено избиваат на површината на македонските општествени и политички процеси. Тие беа особено видливи во контекст на обидот за државен удар во 2017 година, во 2018 година за време на референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор, опструкциите на зачленувањето во НАТО во 2019 година, блокадата на европската рамка за преговори во 2022 година (Француски предлог) што трае до денес, се само дел од повидливите операции.

Српските безбедносни и разузнавачки служби се во целосна координација со руските и кога се работи за следење, оневозможување и испорака на руските политички опозиционери. Тоа се операции што се спроведуваат претежно на српско тло, но и во сите останати балкански држави.

Цврстата врска со Кремљ и засиленото вооружување на Србија

Конечно, за карактерот на српската политика и цврстиот линк што води кон и од Кремљ, сведочи и засиленото вооружување на Србија, која во моментов е регионална супер сила што располага со сопствена воена индустрија, како и вооружување што го набавува од сите можни страни – Русија, Кина, Израел и од земји членки на НАТО.

Не е лесно со таков сосед да се оди напред. Особено ако за тоа нема ни доволно знаење и волја. А ни останатите соседи не се покажаа во најдобра светлина, како низ историјата, така и во сегашноста.

Перспективи и решенија: Без проактивен и решителен одговор, Србија ќе остане инструмент на руската стратегија

Редно е, откако ги главните авении на дестабилизирачката улога на Србија во регионот се вака осветлени, со главните, повеќе или помалку познати, факти од сегашноста и не така дамнешната историја, да се обидам да споделам и размислувања за тоа како понатаму.

Соработката меѓу прогресивните и продемократските сили низ целиот Балкан е пресудна. Борбата против српското и руското влијание и хибридни пропагандни и безбедносно-воени операции не е возможна со акции и политики на ниво на поединечни држави во регионот. Граѓанското општество и независните медиуми се во длабока криза во моментов. Капацитетот на вистински посветените граѓански организации и независните медиуми е сериозно намален, како поради недоволната и несоодветна поддршка од донаторската заедница од Западот, така и поради жестоките удари што ги трпи од пропагандните операции на авторитарните центри на моќта на Балканот и во Москва.

Западните демократии, особено по драматичниот пресврт во Вашингтон, мораат да ги поддржат граѓанските организации кои промовираат демократски вредности и медиумите кои искрено и посветено ги инкорпорираат принципите на професионално и етичко работење и се борат против дезинформациите, националистичката реторика и руската воена пропаганда. Ако не поради добробитта, безбедноста и стабилноста на Балканот, тогаш поради заштита на сопствените интереси, стабилност и безбедност. Не мора да се објаснува зошто тоа е важно во овој глобален и меѓусебно поврзан свет, за тоа како демократијата може да биде загрозена и од мали играчи, како балканските, во големата геополитичка битка.

Без проактивен и решителен одговор, Србија ќе остане инструмент на руската стратегија, а тоа ќе значи понатамошно продлабочување на нестабилноста во регионот.

Улогата на Србија налага сериозно преиспитување на политиките на земјите во регионот за соочување со хегемонизмот на Белград. Не помалку важно е да се види покоординиран пристап и од ЕУ и НАТО. Западот има обврска, доколку навистина се грижи за стабилноста и мирот во регионот, но и за сопствените демократски системи, да заземе поцврст став. Тоа што во Брисел, Вашингтон и Белград пригодно се нарекува „европски пат на Србија“ мора да биде придружен со услови за вистинска демократизација, а уште повеќе со решително барање да се прекине со националистичкиот експанзионизам, хегемонизам и милитаризација.

Текстот е личен став на Авторот.

CIVIL MEDIA

DANGEROUS POWER GAMES IN THE BALKANS: Nationalism, Hegemonism, and Russian Ties

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ