Тензична ситуација владее претпладнево пред Националниот театар во Тирана, од каде пред најавеното уривање на објектот, за денеска е планирано изнесување на предмети и други средства од објектот.
Од една страна е распоредена полиција која во поголем број е ангажирана да овозможи непречено изнесување на предметите, а од друга страна се наоѓаат членовите на Алијансата за одбрана на театарот и граѓани кои се против уривање на овој значаен објект од албанската култура.
Тие се спротивставуваат на асистенцијата на полицијата и бараат таа да се повлече.
Досега ситуацијата, иако е тензична, сепак не се забележани инциденти.
Одлука за уривање на Националниот театар, без присуство на опозицијата, донесе албанскиот Парламент во септемри минатата година. Нов театар ќе се гради на друга локација.
Против негово уривање се изјасни опозицијата, поголемиот дел од албанските актери и дел од граѓанскиот сектор, кои обвинуваат дека Владата на премиерот Еди Рама на оваа атрактивна локација ќе дозволи изградба на повеќекатници.