• Latest

Опозициска иницијатива за свикување надзорна расправа во Собранието за проблемот со аерозагадувањето

January 30, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Опозициска иницијатива за свикување надзорна расправа во Собранието за проблемот со аерозагадувањето

January 30, 2025 14:28
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеници на опозициските партии СДСМ и Левица покренуваат иницијатива за свикување Надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се расправало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот.

Како што посочи пред медиумите пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, таа иницијатива произлегува од како што рече, поразителните резултати за квалитетот на воздухот.

Интенција е, како што појасни, во рамки на Парламентот преку деловнички и законски инструменти да се разговара за прашањето за животната средина, а како прашање што ги засега сите граѓани без исклучок, би требало да ги обедини сите пратеници во Собранието.

– Зачувувањето на животната средина како темелна вредност гарантирана со Уставот, а е дел од корпусот економски, социјални и културни права, не тангира секој од нас поединечено и сите нас заедно. Одговорноста пред се на пратениците е заеднички да разговараат и изнајдуваат решенија и да се преземат конкретни мерки за зачувување на животната средина, рече тој.

Спасовски уште посочи дека предложената надзорна расправа би требало да даде одговори на многу прашања, и да овозможи на експертско ниво да се разговара по проблематиката со сите субјекти инволвирани во сферата.

– Ќе можеме да ги чуеме мислењата на институциите, да ги посочиме проблемите, но најважно од се, да се отвори дебата и преку неа да се побара од власта да преземе конкретни мерки се со цел граѓаните да добијат здрава средина и чист воздух, рече Спасовски.

Тој уште нагласи дека статитичките податоци за влијанието на воздухот врз здравјето на граѓаните се поразителни, оти истите мора да ги замислат сите субјекти, особено секој одговорен политичар.

– Конечно мора да се издигнеме на повисоко ниво и за одредени прашања мора да се обединуваме и заеднички да бараме одговори. Темата на животната средина не познава политиканство. Чистиот воздух не може да биде привилегија, туку основа гарантирана со Уставот, рече Спасовски.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, по однос иницијативата истакна дека се работи за позитивен преседан, прв пат со потпис од 15 пратеници да се побара да се свика надзорна расправа.

– Правото на чист воздух е една од темелните вредности и согласно Уставот и на општеството во целина. Сите гледаме дека тоа не е така. Посебно градот Скопје, но и другите градови оваа зима ги уриваат рекордите според загадувањето. Тука се и Битола, Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци, Кичево, огромен дел од територијата на земјата е со загаден воздух, посебно урбаните центри, рече Крмов.

Извор: МИА

фото/скриншот

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ