• Latest

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се плаши од прашања, коментари и аргументи!

June 28, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се плаши од прашања, коментари и аргументи!

June 28, 2017 14:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По три години активна борба за подобрување на положбата на студентите во Македонија, Студентскиот пленум за првпат присуствуваше на седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на која беше усвоен Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за периодот од 16 септември 2015 до 15 септември 2016 година.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Деа Здравковска од Студентскиот пленум за тоа што за нив значи присуството на седницата и што очекуваат во иднина, во делот на нивната вклученост во решавањето на проблемите и на прашањата што ги засегаат студентите.

„На Комисијата бевме поканети како гости, а претседателот се повика на Деловникот за работа и го објасни нашето присуство. Сепак, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше проблем, не навредија нарекувајќи не циркузанти, а Комисијата – циркус. Со процедурални забелешки се одолговлекуваше дискусијата, и ние немавме право на збор“, објаснува Здравковска, која посочи дека претставниците на Студентскиот пленум биле подотвени со аргументи, забелешки и прашања.

„Во извештајот што го презентираше ректорот Никола Јанкуловски, не беше споменато ништо за формирање на комисијата за промена на статутот на УКИМ, во делот на студентското организирање. Исто така, извештајот не содржи ништо за програмата на Студентскиот парламент и за финансискиот извештај што беше одобрен, и покрај тоа што имаа нелегално избран в.д. претседател. Нашите забелешки доколку ни беше даден збор, ќе беа во оваа насока“, вели Здравевска.

„Опозицијата се плаши од нас, од нашите прашања, коментари и аргументи. Сепак, поканата на оваа седница е позитивен исчекор и се надеваме дека во иднина, расправите ќе бидат отворени за експертската јавност“, смета Здравковска.

Ивана Туфегџиќ

Во извештајот не е содржана ниту работата на Комисијата за истрага на случувањата поврзани со студентските избори. За ова, ЦИВИЛ Медиа разговараше со пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ.

„Одговорот на ректорот Никола Јанкуловски, во врска со мојата забелешка дека во извештајот се избегнати случувањата околу изборот за студентски претседател, беше дека во рамки на УКИМ била спроведена истражна постапка, но само поради тоа што Студентскиот парламент немаше аргументи, работата на комисијата не е завршена. Универзитет не може да спроведува истражна постапка за активности на невладина организација како што е Студентскиот парламент. Тоа е работа на органите на прогон“, појаснува Туфегџиќ.

На седницата присуствуваа и претставници на Студентскиот парламент, Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат.

Марија Теговска

Tags: Деа ЗдравковскаИвана ТуфегџиќизбориобразованиеСобраниеСтудентски парламентСтудентски ПленумУКИМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ