• Latest

Општина Охрид очекува заедничко постапување со Владата по препораките на УНЕСКО

July 20, 2019

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Општина Охрид очекува заедничко постапување со Владата по препораките на УНЕСКО

Официјално барање за изземање или отстапување на ингеренциите во делот на градежништовото, како што слушнал премиерот нема, но Општина Охрид очекува заедничка работа со Владата за исполнување на препораките на УНЕСКО

July 20, 2019 11:45
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата на Република Северна Македонија во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа“, се вели во соопштението на Општината по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека слушнал дека сакаат да ги остапат надлежностите во делот на градежништвото. Заев вчера изјави дека неговите очекувања се институциите да постапуваат не само заради тоа што препораките на УНЕСКО, дивоградбите и другите проблеми се актуелни теми и во Охрид и во Струга, туку и заради УНЕСКО. Во спротивно, изјави Заев, државата ги одзема ингеренциите.

Како одговор на оваа изјава Општина Охрид  соопштува дека нејзините очекувања се заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор да се решаваат сите препораки на УНЕСКО и дека  ќе ги поправат сите грешки од минатото, направени од претходните власти.

„Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено по Препораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје. Исто така веќе имаме спроведено и активности по Препораката број 18 за Регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање. Веќе започна да функционира системот за електронско евидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила.

Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти.

Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, се вели во соопштението на Општина Охрид.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ