• Latest
проф. Борче Давитковски (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Општините Сарај, Аеродром, и Гостивар ќе чекат решение после формирање на влада – Проф. Давитковски: Се прекршува Уставот!

June 20, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Општините Сарај, Аеродром, и Гостивар ќе чекат решение после формирање на влада – Проф. Давитковски: Се прекршува Уставот!

June 20, 2024 13:42
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
проф. Борче Давитковски (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

проф. Борче Давитковски (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на дневен ред нема да ја има измената на Законот за локална самоуправа, барем не неделава,  која се очекуваше да претрпи измени за да се избегнат избори во три општини во земјата.

Станува збор за општините Сарај, Гостивар и Аеродром, каде едниот е од на Европскиот фронт и актуелниот градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, кој одлучи да остане во Собранието како пратеник, другиот е Тимчо Муцунски, кој е градоначалник на општина Аеродром, а сега кандидат за министер за надворешни работи и надворешна трговија, и Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар, кој одлучи да раководи со Министерството за здравство.

Рамадани: Ќе има предлог, откако ќе се обезбедат бројките и мнозинство со Бадентер

Доколку градончалник на општина ја напушта функцијата по изминат повеќе од половина мандат, во тој случај Советот да избере вршител на должност до следните избори. Вакви измени на Законот за локална самоуправа се спекулираше дека ќе предложи коалицијата „ВЛЕН“ за да се избегнат локални избори во општините каде што градоначалници стануваат министри или пратеници.

ЦИВИЛ Медиа се обрати со прашање до потпаролот на Алијанса за Албаниците на Таравари, Блерант Рамадани за тоа до каде е постапката по ова прашање во Собранието.

„Ова прашање е оставено за дискусија после формирање на владата, ако се обезбедат бројките и мнозинството со Бадентер, тогаш ќе има предлог“, рече кусо Рамадани.

Мицкоски и Таравари на иста линија – Мислат на граѓаните!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски изјави дека по гласањето за новата влада ќе се посвети, меѓудругото, и на прашањето за измени на Законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во неговата влада. Мицкоски рече дека подобро е тоа да се реши на елегантен начин отколку да се трошат милиони народни пари.

Мандатарот вели дека тој не би сакал да се трошат парите на граѓаните на дополнителни избори.

„И можеби е во наш интерес да има избори и да ја потврдиме уште еднаш и да докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата политичка сила во Македонија. Но, зошто да трошиме милиони народни пари кога можеме тоа да го решиме на елегантен начин“, рече Мицкоски.

Таравари: Мислам дека само правиме трошоци

Во интервју за „Топ тема“, Арбен Таравари, кој од позицијата градоначалник на Гостивар треба да седне во министерската фотелја во здравство, вели дека причината за вакви измени е рационално постапување.

„Ако се оддржат предвремени локални избори ќе треба во ноември или декември оваа година, а редовните избори се некаде септември, октомври следната година. Имајте предвид дека за 10 или 11 месеци ќе има два пати локални во три општини. Мислам дека само правиме трошоци, не постигнуваме ништо и затоа го дадовме предлогот. Да беше за повеќе од половина мандат апсолутно треба да се гласа. Се работи за мал период да се избере нов граодначалник и потоа пак да се оди на редовни избори“, рече Таравари, кој воедно е и претседател на Алијанса за Албанците.

Проф. Давитковски: Правото на локалната самоуправа е уставно загарантирано право на граѓаните

Со овие констатации не се согласува професор доктор Борче Давитковски. Тој во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели дека со верификација на пратеничките мандати престанува да важи друга функција.

„Ако ние имаме правна држава како што се залагаме, а немаме, со верификација на пратенички мандат на трите градоначалници на Сарај, Аеродром и Гостивар, истиот момент кога им се верификуваше мандатот требаше Советите да постават вршител на должност. Некои градоначалници продолжија да си бидат градоначалници како што е и примерот со техничкиот премиер каде што вели ја ставам во мирување функцијата пратеник и ќе бидам технички премиер, тоа е класично инкопатибилност. Една мораше да престане со верификација на мандатите, тоа е правна држава“, рече Давитковски.

Согласно Законот за локална самоуправа веднаш требаше да се стават вршители на должноста, и веднаш требаше да се распишат избори во овие три општини, вели професор Давитковски.

„Имаше предлог на група пратеници овој рок од шест месеци да биде најмалку две години значи на пола мандат некој градоначалник да може да оди на друга позиција, а еден од советниците да се стави в.д за градоначалник. Сега се поставува прашањето како се крши Уставот. Согласно член 114 – правото на локална самоуправа е на граѓаните, ако граѓаните се определиле за одредена личност после две години некој сега да каже „пу-пу“ тоа не важи затоа што ќе одам за министер, но еве некој од мојата политичка провиенција или некој советник што го гласаа тој ќе биде в.д! Каде се тука граѓаните? Тое е нивно право, тука се прекршува Уставот“.

Тој додава дека ќе има и ретроактивно дејство што би значело да се примени за идните состојби, а не веднаш да се реализира.

„Сега имаме ретроактивно дејство. Уставот забранува, но кажува ако е поповолно. За кого? За политичката партија? Да, поповолно е, ама за граѓаните не. Автоматски кој е да го даде на Уставен суд, автоматски ова решение ќе падне“, вели Давитковски.

За в сабота претседателот на Собранието, Африм Гаши ја има закажано седницата за избор на новата влада предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владини партнери ќе бидат и коалицијата „ВЛЕН“ и партијата ЗНАМ. Во парламентот, оваа коалиција има мнозинство од 78 пратеници.

Н. Абдурахмани

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Арбен ТаравариБорче ДавитковскиЗакон за локална самоуправаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ