• Latest

Оптимизмот на Могерини и Заев во фокусот на грчките медиуми

April 19, 2018

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оптимизмот на Могерини и Заев во фокусот на грчките медиуми

April 19, 2018 10:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување.

„Комесарот за проширување ја отвори вратата на Европската унија за ПЈРМ“; „Оптимизам за изнаоѓање решение на името изразија Могерини и Заев“; „Хан: ПЈРМ ја заслужи препораката на ЕУ за почеток на преговори“; „Оптимизам во Брисел за решение на скопското прашање“ се дел од насловите во грчките медиуми, меѓутоа без дополнителни коментари и анализи, туку само преземен текстот од грчката новинска агенција АНА- МПА.

„Оптимизам дека може да се најде решение на прашањето за името изрази високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини, по средбата во Скопје со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев. Сепак, шефицата за надворешна политика на ЕУ не сакаше да предвиди каква одлука би можела да се донесе на Самитот на ЕУ на крајот од јуни, во врска со можноста да ѝ се даде на ПЈРМ датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ“, пишува грчката новинска агенција, а во текстот објави и дел од изјавите на Заев и Могерини.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, АНА-МПА го пренесува и коментарот на премиерот Заев во однос на изјавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервјуто за радиото 247 дека нашата земја, поради краткиот временски период не може на јулскиот самит да стане членка на НАТО.

-Зоран Заев рече дека поканата за членство на неговата земја во НАТО не е поврзана со Самитот на Алијансата и додаде: ако успееме да најдеме решение во прашањето за името во мај, ќе видите дека има време за сѐ, бидејќи станува збор за правни аспекти кои можат да се решат, објави грчката новинска агенција.

Во посебен текст, пренесен е ставот на комесарот за проширување, Јоханес Хан во однос на безусловната препорака за Македонијa.


Извор: МИА

Tags: грчки медиумиЗоран ЗаевФокусФредерика Могерини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ