Ванчо Орданоски вели дека Екомонитор е делумно финансиран од Агенција за иновации, и проектот трае веќе две години и функционира на систем на мерни станици кои ја испитуваат загаденоста на воздухот, истакна на Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“. ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, која се одржа денеска.
„Во Македонија ќе бидат поставени 250 уреди низ општините во РС. Македонија, првата општина каде поставивме мерни станици е Прилеп, потоа Куманово, Велес и Скопје итн…
Не може да збориме за ефикасни мерки против загадување ако не знаеме од каде доаѓа тоа загадување.
Градоначалниците велат дека гоелм дел од загадувањето е од греење дрва и ретко кои градоначалници знаат каде е најголемото загадување.
Проектот е македонски производ и е произведен во нашата компанија.
Целта е да се собираат податоци за загадувањето и ќе бидат достапни на разни истражувачки потреби, а во обработена форма ќе бидат достапни во нашата страница.
Она што го мериме во моментот е ПМ10 честитки…
Загадувачите обично загадуваат кога не работат институциите, но нашите уреди ќе ги регистрираат во било кое време.
Со истражувањето ќе им се овозможи на властите да реагираат проактивно, бидејќи кога преку временска прогноза ќе знаете дека утре ќе врне, тогаш ќе си земете чадор, така и со овој уред ќе има предупредувања и предвидувања за загадувањето за да може властите да реагираат.