• Latest

Орданоски: Во 2019 најверојатно нè очекуваат неуспешни претседателски избори

January 15, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Орданоски: Во 2019 најверојатно нè очекуваат неуспешни претседателски избори

January 15, 2019 15:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Веројатно повеќето од оние кои очекуваа дека 2018 година ќе биде година на пресврт во демократска држава, година на правната држава, година во којашто ќе се остварат поголем дел од оние ветувања за кои што се излегуваше со години по улици, и за коишто се направи целиот политички пресврт во Македонија, во смисла на рушењето на режимот на Груевски и доаѓањето на новата власт предводена од СДСМ, веројатно повеќето од нив, коишто имаа такви оптимистички очекувања на крајот од годината остануваат многу разочарани“, вели Сашо Орданоски во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2019.

За 2019 година, којашто Владата ја најавува како економска година, Орданоски вели дека не постојат многу податоци и предвидувања кои укажуваат дека навистина ќе биде така.

„2019 година е година кога не очекуваат претседателски избори коишто најверојатно ќе бидат неуспешни, бидејќи цензусот од 40%, односно 720.000 гласачи коишто ќе треба да излезат, веројатно ќе биде тешко да се достигне. Особено, земајќи го предвид овој голем квантум на разочарани гласачи којшто се движи негде помеѓу 30 и 40%, и којшто ако веќе не излезе за да ги поништи своите гласачки ливчиња тогаш најверојатно нема воопшто да излезе на гласање. Соочени сме и со можноста некоја од партиите да го бојкотира тој процес“, вели Орданоски.

Тој смета дека таквата криза ќе премине и во Уставна криза каде што ќе мора да се помине во една фаза каде што нема да се бира претседател според постоечките уставни норми, туку ќе мора да се менува Уставот, за да се регулира тоа прашање на поинаков начин, или со намалување на цензусот, или со некаков нов вид на бирање претседател, можеби, во Парламентот.

„Притоа, ние гледаме дека со секое отварање на Уставот, ние имаме низа други компликации, каде што секој гледа да додаде или да одземе нешто. Тоа ќе ја заглави Македонија повторно во едни нови дебати и дискусии коишто ќе значат одолговлекување и трошење на времето на она што ќе значи, многу повеќе политика, отколку социјала, економија и се останато“, вели Орданоски, сметајќи дека се отвора можноста и за повикување на предвремени парламентарни избори.

„Мислам дека Македонија сè уште е далеку од излегувањето на појасни и поперспективни патишта што во крајна линија ќе значат подобар живот за луѓето.. Македонија е на еден крстопат во политичка и економска смисла. Тој крстопат мислевме дека ќе го поминеме полесно. Но, излезе дека се длабоки корените на кризата која што почнавме само да ја разрешуваме од 2016, 2017, 2018 и очигледно дека ќе треба барем уште две години за опстанок во оваа загадена земја во секоја смисла “, изјави Орданоски

Биљана Јордановска
Обработка на текст: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Ангела Петровска

 

Share49TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ