• Latest

Ѓоргиева: Студентите сè уште живеат помеѓу зелени ѕидови и јадат црна храна

June 28, 2016

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиева: Студентите сè уште живеат помеѓу зелени ѕидови и јадат црна храна

June 28, 2016 11:53
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Една година помина од премиерата на документарниот филм „Зелени ѕидови, црна храна“ за условите во студентските домови  во Скопје, а ситуацијата е сè уште иста. Во  реновираниот блок Б во Студентскиот дом “Гоце Делчев”, пуштен за вселување во ноември минатата година, по две години лажни ветувања, веќе почна да се појавува мувла на подот во собите. Топла вода нема и по две недели, а исто така, изборот и квалитетот на храната во студентските мензи не е променет.  Во читална има компјутери, но најчесто нема интернет или е премногу слаб. Се реновира и блок А и наводно треба да се пушти за вселување од септември. Но, што кога за секој блок би се потрошиле по година, две за реновирање? Тоа би значело дека за пет-шест години ќе се заврши само овој студентски дом. А, што е со другите студентски домови низ државата и со генерации и генерации студенти кои ќе  мрзнат и гладуваат додека се реновира? Наместо приоритет да им биде студирањето, тие се обидуваат да се прилагодат на неусловите  за живот,“ вели во разговор за ЦИВИЛ – Медиа, авторката на филмот Сандра Ѓоргиева.

Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ е достапен онлајн веќе два месеца,  а како што вели Ѓоргиева,  го гледале  повеќе луѓе надвор од државата, при учеството на голем број на фестивали, каде гледачите биле шокирани и не можеле да  поверуваат дека во Македонија студентите живеат на ваков начин.

10683644_10209253737366796_8142472968882088987_o
Сандра Ѓоргиева

„Залудно е да се бара виновникот. Дали тоа што студентите влегоа во зона на комфор и заборавија дека заслужуваат подобро, дека ова го прифатија како стандард на живеење и дека не се доволно силни да реагираат, придонесе општеството да ги занемари и да вложува помалку во домовите? Или обратно, занемарувањето на студентските услови од институциите и притисокот да не се зборува за истото во јавност, придонесе за обесхрабрување на студентите да излезат и гласно да кажат дека им треба подобро легло и подобра храна?”, се дилемите кои ги поставува Ѓоргиева.

“Во секој случај, отворањето на оваа тема и постојаното потсетување на катастрофалните услови во кои живеат студентите во студентските домови во Скопје, како и поголем притисок на студентите врз институциите, ќе допринесе за побрзо реновирање, поголемо вложување и искачување на овој проблем погоре на листата на приоритети кои ги имаме во државата”, вели авторката на филмот, која сака да верува дека ситуацијата ќе се промени на подобро.

Марија Теговска

Tags: МакедонијаСандра Ѓоргиевастудентистудентски домусловиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ