Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски го игнорира официјалниот демант на Егзит (ЕXIT) и продолжува со лажните тврдења дека фестивалот во иднина би се организирал во Скопје.
„Уште една потврда дека кај мене зборот е збор! Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура. Град кој пулсира и дава енергија.
И заедно ќе успееме во тоа! Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук, споделуваќи линк на српски јазик до фестивалот.
На официјалната страница на EXIT денеска го демантираат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски дека фестивалот се сели во Скопје.
„Не го преместуваме Exit во Скопје или Египет – создаваме нови фестивали покрај големите пирамиди во Гиза и низ целиот свет.
Со оглед на сè почестите прашања за тоа дали EXIT се сели во Египет или некаде на друго место, сакаме да ја информираме јавноста дека создаваме нови фестивали пред Големите пирамиди во Гиза, како и на неколку локации низ целиот свет – исто како и во претходните години ги организиравме Sea Dance и Sea Star во Црна Гора и Хрватска, заедно со бројни настани низ целиот регион и светот“, соопштуваат од Егзит (Еxit).
Претходно, градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави манипулација дека „EXIT“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!
СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со манипулации и лажни ветувања. Градот Скопје заслужува вистински културни политики, а не евтини кампањски трикови за дневна употреба.