• Latest

Ослободителна пресуда за велешанката Павлинка Илоска, Хелсиншкиот комитет ја поздрави одлуката

February 15, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ослободителна пресуда за велешанката Павлинка Илоска, Хелсиншкиот комитет ја поздрави одлуката

February 15, 2022 15:11
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд во Велес денеска донесе ослободителна пресуда за 23-годишната Павлинка Илоска која беше обвинета дека лани на 29 септември при семејно насилство го уби невенчаниот сопруг Александар Ристовски. На Илоска и е укината и мерката „куќен притвор“., пренесува МИА.

Судот ја изнесе пресудата и добиените докази од вештите лица, со што се докажува дека Илоска го извршила убиството во момент на самоодбрана кога бил загрозен нејзиниот живот.

Судијката Габриела Гајдова образложи дека Илоска е ослободена од обвинението земајќи го предвид фактот дека таа делувала во нужна одбрана и земајќи ги одредбите од член 9 став 1 од Кривичниот законик кој предвидува дека не е кривично дело она што е направено во нужна одбрана.

Незадоволната странка има право на жалба во рок од осум дена од денот од приемот на пресудата.  

-Имајќи го предвид фактот дека е донесена ослободителна пресуда од страна на судот, согласно член 173 став 1 точка 5 од Законот за кривична постапка којшто предвидува дека во тој случај ќе се укине мерката притвор, судот одлучи мерката притвор да биде укината. Против тоа решение е дозволена жалба, но секако жалбата не го задржува извршувањето на решението, појасни Гајдова

Адвокатот на Илиоска, Димитар Петрулев оцени дека имале правично и фер судење врз основа на сите изнесени докази со што судот ја утврдил фактичката состојба и донел одлука за поништување на се.

– Со сите изнесени докази произлезе дека член 9 од Кривичниот закон не е само паушално наведен, туку напротив дојде до примена на истиот, изјави Петрулев.

На вчерашното рочиште, Илиоска изјави дека жали за стореното дело и дека го сакала својот партнер.

– Тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави, немав сила да се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, а јас утрината не бев на работа и сакав да спијам. Побара од мене да направам есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон, сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе, ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух. Во таа борба за живот, кога стигнавме до кујната, фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам и да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, рече Илиоска за случувањата на 29 септември лани кога при семејно насилство го уби невенчаниот 40-годишен сопруг Александар Ристовски.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздрави одлуката на Основниот суд во Велес да ја ослободи Павлинка Пале Илоска од обвинението за убиство во миг, но истовремено бара од Јавното обвинителство да покрене постапка по допрен глас по нејзиното сведочење дека колега на нејзиниот невенчан сопруг сакал да го одмазди.

– Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај. Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Павлинка Илоска беше обвинета дека на 29 септември лани при семејно насилство го убила невенчаниот сопруг, полицаецот Александар Ристовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ