• Latest

Османи: Бугарија го искристализира ставот дека не ги спори идентитетските атрибути

February 11, 2021
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Бугарија го искристализира ставот дека не ги спори идентитетските атрибути

February 11, 2021 12:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последиците од блокадата за старт на преговорите на земјава со ЕУ, нивното влијание врз ентузијазмот кај населението за евроинтеграциите, како и одлагањето на стартот на процесот на вакцинација, беа темите за кои шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се осврна во разговор за МИА од Брисел, по средбите со неговите домаќини при денешната посета на Белгија и вчерашната на Луксембург.

Османи оцени дека постои „разочарување на Северна Македонија и нејзините граѓани“ по блокадата на Бугарија во декември за преговарачката рамка, која требаше да го означи конечно формалниот старт на преговорите за членство во ЕУ.

Минатиот декември, инсистирањето на Бугарија не само да не се усвои рамката со Северна Македонија, туку и да се вметне реченица која се однесува на „погрешното толкување на историјата“ предизвика реакции на дел од земјите членки на ЕУ, при што најгласни беа Словачка и Чешка.

Османи смета дека овој неуспех на ЕУ има „опасни последици“ за целиот регион на Западниот Балкан.

„Последиците се во влегување на регионот во голема непредвидливост во однос на ЕУ перспективата. Знаете дека не успеа ни преговарачката рамка за Северна Македонија, но ни заклучоците за целиот регион, така што целиот регион влегува во непредвидливост, а во овие околности непредвидливоста е поопасна од негативен исход од некои процеси, затоа што тешко се подготвувате и се браните од непредвидлив период. Ние инсистираме на предвидливост“, вели Османи за МИА.

Бугарската блокада, која делумно се гледа и како последица на предизборната атмосфера кај нашиот источен сосед, се однесува на повеќе прашања, од кои и чувствителни историски и идентитетски. Според министерот за надворешни работи, сепак, полека се „кристализира“ бугарската позиција и станува појасно дека Софија „не ги спорат идентитетските атрибути“.

„Нашите црвени линии во однос на идентитетските карактеристики како јазикот, народот, етничката припадност се јасни и бескомпромисни и драго ми е што Бугарија го искристализира својот став дека не ги спорат идентитетските атрибути. За да пристапите кон проблем треба добро да го дефинирате, постојат различни перцепции и кај нас и во Бугарија, и во ЕУ. Ние не разговараме за идентитетските атрибути, прашањето што го покрена Бугарија се историската основа на тие атрибути. Наш став е дека за историја може да разговараме во фунцкија на образованието и во коригирање стереотипи кои ги прикажуваат нашите народи како непријателски“, изјави Османи.

Конкретно, како што нагласи шефот на дипломатијата, тоа значи дека Северна Македонија е посветена кон имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година и на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања. Според него, тука треба да се работи на учебниците и „карактеризации од минатото“ кои ги повредуваат чувствата на бугарскиот сосед, како на пример употребата на епитетот „фашистички“.

„Мислам дека нема потреба да се квалификуваат народите врз основа на политичката ориентација на елитите од минатото, ниту сметам дека Германците или Италијанците или Бугарите се фашисти. Конкретната политичка ориентација на една елита од минатото не може да ни ги зароби односите со соседите и ако тоа е навредливо за Бугарија, нема да прифатам нешто што е навредливо за соседите, дури и ако сум во право. Тоа е најнормално помеѓу два соседи“, изјави Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека на овие прашања треба секојдневно да се работи, но дека поради потреба да се разговара рационално и без емоции, најверојатно атмосферата ќе биде попозитивна по изборите во Бугарија.

Околу барањето на Бугарија да се вметне посебно поглавје во рамката за преговорите со земјава посветено на историските прашања, Османи вели дека тоа е нешто што ниту самата ЕУ не го прифаќа.

„Мислам дека таа дебатата не е меѓу нас и Бугарија, туку меѓу Бугарија и ЕУ, 26 земји членки сметаат дека историјата не може да биде критеирум и ЕУ да биде арбитер за тие прашања и не смее да има девијација од тие основни принципи на преговарачкиот процес“, вели министерот Османи за МИА.

Според него, Северна Македонија е „растоварена од таа дебата“, која е во ЕУ и треба да покаже дали Унијата ќе го одржи процесот на преговори или ќе има тотална девијација.

– На Северна Македонија и на Бугарија сега е да ја вратат довербата и комуникацијата за да можат да разговараат за чувствителните прашања и да ја сменат перцепцијата, додаде Османи.

Според Османи, тоа што годишниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација за земјава, кој требаше да се одржи на крајот на овој месец, е откажан, додека оној за Албанија останува закажан како што беше планирано на 1 март, не треба да се интерпретира како притисок врз Северна Македонија.

„Мислам дека е многу важно да имаме конкретен процес на преговори и да има повеќе содржина во наредниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Одржувањето на Советот заради почитување на формата, но без супстанца, без прогрес, не е во наш интерес“, смета министерот.

Според Османи, Северна Македонија не отстапува од ставот дека земјата не смее да биде одвоена од Албанија во преговарачкиот процес, со оглед на тоа дека самата ЕУ констатираше оти и двете земји се подготвени за старт на преговорите.

„Ја посетив Тирана и со министерката бевме едногласни дека треба да продолжиме во овој процес заеднички, затоа што двете земји ги исполнуваат критериуми и има одлука за почеток на преговорите“, порача шефот на дипломатијата.

Османи се осврна и на прашањето со доставата на вакцини од ЕУ за Западниот Балкан, нагласувајќи дека доверба од страна на Владата во Унијата околу вакцините била заснована на конкретни докази.

„Владата покажа доверба кон механизмите на ЕУ и стана дел од овие механизми и очекуваше да биде успешно и тоа не беше без основа. Претходно имаше успешна испорака на медицинска помош и заеднички набавки. ЕУ беше со нас цел период на пандемијата и создаде доверба дека овој процес ќе биде функционален. Ние сме колатерална штета на тој колективен систем на набавка, како што се и Италија и Хрватска, не гледам зошто ние би се разликувале“, истакна Османи.

Тој, сепак, признава дека критиките кон стратешката комуникација на ЕУ во овој дел се оправдани.

„Можеше во стратешката комуникација ЕУ да се постапи подобро, за да не се случи геополитичката компетиција што ја гледаме сега и завршува со вакцинирање со кинески вакцини“, вели министерот.

Според него, бугарската блокада и застојот со вакцините за само два месеци претставуваат „лоша коинциденција на две негативни пораки за регионот“, што се одразува врз анкетите на јавно мислење за ентузијазмот кон ЕУ.

„Свесни сме дека може да се случат вакви непредвидени потфрлања во кризна состојба, не зависи од вас туку од компаниите и мора да ги разбереме. Мислам дека не може да зборувамеме против ЕУ затоа што има проблем во момент на криза, тоа не е партнерство, смета министерот“, додавајќи дека исто така очекува од ЕУ да покаже разбирање кога Северна Македонија бара да се надомести јазот во механизмите за кои земјата веќе платила.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ