• Latest

Османи: Државата се наоѓа на критична точка, време е да преземеме одговорност

July 25, 2023

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

„Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

August 27, 2025

Јагода и вестите

August 27, 2025

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Државата се наоѓа на критична точка, време е да преземеме одговорност

July 25, 2023 13:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на државата не е одговорност само на Владата, туку на сите кои се согласуваат дека земјата треба да биде дел од Европската Унија. Земјата се наоѓа на критичната точка и секој кој сака да види напредок треба да преземе одговорност.

Ова го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи при денешно гостување во емисијата „Клик Плус” на ТВ 21.

За таа цел, додаде Османи, потребно е формирање на европски фронт кој ќе ја преземе водечката улога на тој пат и ќе биде повеќе од водење дневна политика.

„Сега е време кога треба носиме одговорност за овој народ, одговорност за оваа држава, бидејќи на краjoт на денот политиката е пред сè услуга, е еден вид одговорност кон луѓето кои ви ја дале довербата. Сега е време на фронтот за Европа. Да се одржи овој курс, да се достигне оваа точка и штом ќе ја поминеме оваа точка која е неповторлива, потоа нека се организира политичката сцена како што сака, тоа е во моментов помалку важно”, рече Османи во интервјуто за ТВ 21.

Во таа насока, Османи вели дека многу поправедно би било опозицијата да ги изнесе јасно своите ставови дали е за или против ЕУ и која е друга алтернатива што ја нудат.

„Што е она што го нуди опозицијата? Дали е тоа Евроазиска асоцијација, на пример? Само така би биле фер кон гласачите. Но, доколку тврдите дека ја сакате европската иднина на државата, патот кон Европа е ова. Не е овој пат само за нас, вака било за секоја држава”, вели Османи.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и ставот на партијата дека нема да ги поддржи уставните измени, Османи вели:

„Тоа е само популизам. Неменувањето на Уставот ја фаворизира каузата на бугарските радикали на два начина. Прво, секој ден сè повеќе доцниме во ЕУ, Македонци добиваат бугарски пасош, за да земеш бугарски пасош треба да се изјасниш во Софија дека си по потекло Бугарин. Нема поголема бугаризација од вадење пасош, бројката стигнува до 100.000, како резултат на доцнење на интеграциите. И второ, интегрирањето на Бугарите во Уставот е формализирање на тоа дека станува збор за два различни народи. За прв пат во Уставот ќе го имаме македонскиот народ како мнозинство и дел од бугарскиот народ како малцинство”.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУОсманиуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ