• Latest

Османи и Милков ќе работат против говорот на омраза, македонските и бугарските бизнисмени порачаа бизнисот да влече напред

December 8, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Османи и Милков ќе работат против говорот на омраза, македонските и бугарските бизнисмени порачаа бизнисот да влече напред

December 8, 2022 08:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај  Милков рекоа дека ќе работат против говорот на омраза во двете земји, додека македонските и бугарските бизнисмени до политичките елити порачаа бизнисот влече напред во односите меѓу двете земји. Ова се пораките од вчерашниот македонско-бугарски форум што вчера се одржа во Скопје под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.

Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија се првите кои реагираат на говорот на омраза. Тоа е долг процес за којшто е потребно време, но оди кон подобрување, изјавија Османи и Милков одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Скопје.

–Говорот на омразата беше една од темите која што беше високо на агендата во разговорот помеѓу двете страни кога се договаравме како ќе ги подобриме односите и таму во протоколот имаме точно пропишани начини како ќе пристапиме на говорот на омраза, како ќе реагираме и како ќе ги спречиме трендовите. Тоа што го констатираме заеднички при овие чести средби е дека најдобриот начин на спречување на говор на омраза е доколку доминира позитивниот договор помеѓу нашите две држави и токму тоа се обидуваме да го поправиме, рече Османи.

Според него, честата комуникација со неговиот бугарски колега, придонесува за да се наметне, како што рече, „позитивна агенда за да не дозволиме простор некој друг да ни наметне лоша агенда и злонамерна агенда“.

-А тоа е по правило. Ако оставите празен простор, вакум нема во односите, ако оставите празен простор некој друг ќе ги во пополни празниот простор. Бизнис форумот денеска е токму тоа – да пополни еден сериозен простор во нашите односи. Јас не очекувам некој денеска некој да зборува негативно во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија, освен милијарда евра и понатаму. Меѓутоа, се разбира дека не можеме да игнорираме дека имаше провокации во текот на овие месеци, дека имаше обиди за киднапирање на агендата од двете страни – од иредентистички изјави на политичари во Бугарија до изјави овде на наши политичари, па напади врз клубови на бугарската заедница овде во Северна Македонија, кажа Османи.

Потсети дека со Протоколот, двете МНР ќе бидат првиот контакт поинт што ќе реагира, што ќе ги следи трендовите за да укаже дека нешто се случува за да го прекине тој тренд, за да ги информира министерствата коишто треба да преземаат конкретни активности.

Милков, исто така, рече дека и во бугарското МНР има механизам во однос на говор на омраза, исто така има и механизам на заедничко информирање меѓу двете Министерства што е многу експедитивно.

-Најбитно е да го одржуваме тој контакт за да може да реагираме во секој случај. Имаме случаи на заеднички позитивни реакции во кои го известуваме другото Министерство со цел да бидат елиминирани тие негативни тенденции, и ние ги следиме тие состојби, како во Бугарија, така и во Северна Македонија и имавме реакции во однос на конкретни состојби, рече Милков.

Тоа што во што целосно се сложувам, додаде тој, е дека тоа е долг процес, тоа нема да биде завршено оваа година, може и наредната но ставот е дека тоа оди кон подобрување, а не обратно.

-Очигледно е дека имаме неиживеани историски комплекси, неиживеани историски проблеми, што се проектираат во сегашноста и важно е да не дозволиме тие да ја одредуваат нашата иднина, нагласи бугарскиот министер.

Изјавите на бугарскиот пратеник и лидер на партијата Преродба Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, порача од Скопје Милков.

– Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не го концентрираат вниманието врз политичари коишто бараат такви крајни искази. Поважен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие го посочувате на граѓаните на Македонија тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, а не некои луѓе што користат такви термини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели, рече Милков на заедничката прес-конференција со Бујар Османи.

Костадин Костадинов, на отворањето на на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје на 25 ноември, рече дека „Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава, која ќе се протега од Црното Море до Охридското Езеро“.

Миниситерот Милков, на новинарско прашање дали смета дека треба да функционираат или да се затворат бугарските културни клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, рече оти се надева дека тие клубови ќе можат да функционираат нормално.

-Нивниот број се зголемува, и тоа е според мене е добар знак затоа што гледаат можност во овој тип на организација да ги истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација и тоа што очекуваме од Северна Македонија е да биде обебедна нормална средина за функционирање на тие клубови и тие да функционираат во духот на разбирањето, да бидат мостови меѓу нашуте две земји, да не бидат повод за дополнителни поделби и за говор на омраза, така што очекуваме да има реакција и од страна на Владата, така што треба да се постигне едно европско решение и европско фунцнирање на овој вид здруженија, оцени Милков.

Тој кажа и дека согласно постигнатиот договор, вчера за првпат заеднички ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски, посочувајќи дека заслугата за ова заедничко чествување е на македонско-бугарско историската Комисија.

-Заслугатата за заедничкото чествување на Свети Климент Охридски е на македонско-бугарско историската Комисија, која дава општа интерпретација на делата на светите Кирил и Методиј и на Св. Климент Охридски. Ова е секако многу позитивен знак, кога имаме заедничка концепција и општо разбирање за различни историски периоди и за различни историски личности, што верувам ќе ги реши проблемите во нашите современи односи, рече Милков.

Тој уште еднаш ја потврди поддршката за работата на македонско-бугарско историската Комисија и напомена дека нејзиното успешно функционирање допринесува во работата на нашите добрососедски односи.

Шефовите на дипломатиите Османи и Милков остварија и посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Како што соопшти МНР, при посетата на библиотеката, министрите ја разгледаа богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар.

Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје.

Претходно, Османи и Милков го отворија македонско-бугарскиот бизнис форум.

-Од потпишувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година, бизнисите го препознаа трендот на унапредување на односите помеѓу двете земји. Во изминативе години практичнио секоја година бележиме раст во меѓусебната трговска размена. Само во текот на последните две години, трговската размена е зголемена за 98,3 проценти, рече Османи на отворањето на Форумот.

Оваа година, додаде тој, само во првите три квартали имавме раст од преку 50 проценти со што, кажа, трговската размена надмина 700 милиони евра досега, а проекцијата покажа дека оваа година ќе се надмине и прагот од една милијарда евра.

-Тоа се бројки што се многу ветувачки и на кои сме горди, затоа што ја покажуваат најдобрата страна на политиката, а тоа е да обезбеди потенцијал за бизнисите за граѓаните, со цел унапредување на размената и комуникацијата. Денеска на овој форум имаме над 150 компании и претставници од бизнис заедницата, заинтересирани за меѓусебна соработка меѓу двете земји.

Според Османи, целта е да се поттикнат нови можности за соработка, нови потенцијали што ќе ги препознаат и ќе ги употребат бизнисите за да го задржат овој позитивен тренд.

Бугарскиот министер Милков рече дека позитивните тенденции во нашите билатерални односи и особено во економските односи не се воопшто малку, но за жал тие како да остануваат малку на страна од фокусот на општеството.

-Се очекува за првпат оваа година размената на стоки во нашите држави да надмине една милијада евра што е значајно достигнување. Бугарските компании продолжуваат да покажуваат голем интерес, вклучително и интересот за инвестирање во Македонија во сектори како банкарство, осигурување,  металургија, технологии, комуникации, софтвер а исто така и во прехранбената индустрија и трговскиот сектор, потенцира Милков.

Тој рече и дека активни се и компаниите од Северна Македонија во Бугарија, каде што исто така има инвестиции претежно во прехранбеата индустрија и туризмот.

-Денешниот форум има за цел да ги стабилизира и создаде нови бизнис контакти што ќе бидат искористени на најрационален начин и запознавање на можностите на пазарот на двете држави, нагласи Милков.

На форумот учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

Бизнисмените до политичките елити порачаа да го застанеме малку говорот на непријателство, да не гледаме кон историјата, туку напред, да му дозволиме на бизнисот да влече напред, да инвестираме во заеднички инфраструктурни проекти и во меѓусебна соработка.

Бизнисмените побараа полесен проток на граничните премини и конечно завршување на Коридорот 8. Политиката да работи на меѓусебната почит меѓу државите, а бизнисот да го најде патот за подобра меѓусебна соработка, порачаа бизнисмените. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаБујар ОсманиНиколај МилковСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ