• Latest

Османи ја промовираше МКарта, иницијатива за истакнати нашинци во дијаспората

May 30, 2021
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи ја промовираше МКарта, иницијатива за истакнати нашинци во дијаспората

May 30, 2021 12:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата цел е да создадеме платформа, да создадеме мрежа на наши видни и успешни личности во дијаспората со што ќе придонесеме одливот на мозоци  да се претвори во циркулација на мозоци, односно да ги вклучиме во нашите општествени текови. Затоа денеска претставувам една иницијатива за создавање на таа мрежа, односно за презентација на проектот МКарта за нашата дијаспора, за видни и успешни личности од дијаспората, како еден вид на признание за нивната улога, меѓутоа и како влезен билет за вклучување во нашите општествени текови, наведе на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој посочи дека со тоа сакаат тој дел од  дијаспората да го интегрираме во нашето општествено делување и додаде дека таа мрежа ќе ја менаџира Министерството за надворешни работи како еден вид на фокал поинт со којшто ќе се создаде тој пул од наши видни луѓе во дијаспората коишто ќе бидат вклучени во разните работни групи и стратегии, одлуки коишто ги носи државата, меѓутоа и ќе го олесни нивното вклучување.

– Комисија во МНР ќе направи проценка на лицата на коишто ќе им биде даден овој вид на специјална лична карта односно овој влезен билет, врз основа на предлози коишто ќе ги добиеме о нашите дипломатско-конзуларни претставништва, од МНР, меѓутоа и од другите институции на системот коишто располагаат со информации за наши луѓе коишто се успешни во областите во коишто работат како дел од нашата дијаспора. Овој влезен билет, оваа МКарта ќе им овозможи полесно основање на бизниси, поддршка од страна на институциите на системот, финансиска помош за нивни инвестиции овде, рече Османи.

Министерот наведе дека планираат да ги вклучат сите генерации од нашата дијаспора, има, како што рече, и такви кои немаат државјанство, на нив ќе им се олесни нивниот престој и основањето на бизниси овде, меѓутоа ќе имаат и одредени лични привилегии.

– На пример Министерството за култура ни овозможи да имаат слободен и бесплатен пристап до музеите и одредени културни институции, Министерството за образование овозможи да имаат привилегиран третман за користење на образовните институции во државата, исто така ќе имаат приоритет и во комуникацијата во однос на проектите што ги дава Министерството за надворешни работи за помагање дијаспората и тоа се сет на услуги и олеснувања кои ги овозможува овој влезен билет за вклучување во нашите општествени текови, односно оваа МКарта кој што ќе биде дадена од страна на МНР и со ова очекуваме највиталниот дел од нашата дијаспора да биде во функција на општествениот развој на државата преку нивно вклучување преку проектот МКарта, додаде Османи.

Министерот посочи дека проектот продолжува од утре со тоа што нашите дипломатско конзуларни претставништва почнуваат да ги идентификуваат успешните и интегрираните личности од дијаспората коишто ќе бидат дел од оваа жолта книга, од оваа мрежа којашто ја создаваме, а , како што рече, мислам дека ќе има големо значење во нашиот однос кон дијаспората, меѓутоа и во нашиот однос со земјите каде што тие престојуваат.

– Ова се однесува на идентификување на видни личности коишто покажале успех во областите во коишто делуваат, во земјите каде што живеат и делуваат, а ќе бидат идентификувани од страна на дипломатско-конзуларните претставништва со цел да бидат дел од оваа мрежа, додаде Османи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ