• Latest

Османи: Кампањата за Референдумот повеќе ќе биде информативна, отколку пропагандистичка

August 13, 2018
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Кампањата за Референдумот повеќе ќе биде информативна, отколку пропагандистичка

August 13, 2018 16:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Референдумската кампања повеќе ќе биде информативна отколку пропагандистичка. Сметам дека граѓаните немаат потреба да бидат убедувани, туку треба да бидат информирани за прашањата од договорот, бидејќи сметаме дека во моментот најголемиот хендикеп е всушност незнаењето на точните информации од договорот, имајќи предвид дека според анкетата само три отсто од граѓаните го прочитале договорот.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по панелот што се одржа во Клубот во пратеници по повод 17-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Во однос на тоа како ќе се води референдумската кампања, Османи рече дека има две нивоа на кампања – Владата ќе има организирана структура во која ќе учествуваат коалициските партнери, меѓутоа и политичките партии засебно, кои ќе формираат штабови од централно до најлокално ниво на месни заедници.

– Кампањата има за цел да им долови на граѓаните кои се всушност конкретните позиции на договорот, кои се позитивните последици од имплементацијата – членството во НАТО и ЕУ и кои се негативните аспекти од неуспехот на референдумот, рече Османи.

Рече дека постои законски период кога се спроведува кампања и максимално како Влада се ангажирани да пратиме порака за иднината отколку евалиуација на минатото.

Османи рече дека Охридскиот рамковен договор веќе две децении е основа на стабилните меѓуетнички односи, но и основа врз која денес Македонија ја гради својата функционална мултиетничка и мултикултурна демократија.

– Во таа смисла Рамковниот договор претставува и симбол на внатрешната интеграција на РМ и добра водилка за решавање на предизвиците со кои денеска се соочуваме, а тоа е да ја докомплетираме и надворешната интеграција на РМ. Токму во оваа насока денеска ја одбележуваме оваа годишнина тематски преку панел, а темата е токму врската меѓу Охрид и Брисел како што се поврзани процесите на нашата надворешна и внатрешна интеграција, рече Османи.

На прашањето зошто двајца од потписниците на Рамковниот договор денеска не присуствуваа на одбележувањето, Османи рече дека лично разговарал и со двајцата. Љубчо Георгиевски му ветил дека ќе присуствува, но најверојатно не можел да стигне, додека Бранко Црвенковски физички не бил во Скопје за да присуствува на одбележувањето. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар Османиинформативнакампањапропагандистичкареферендум
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ