Ги поздравувам денешните заклучоци на Собранието, кое по тридневна широка дебата, предложи Владата да ја усвои Предлог преговарачката рамка со цел отпочнување на пристапните преговори наСеверна Македонија со ЕУ, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Нашата држава ќе продолжи на патот на европската интеграција со визија да биде земја на вистински европски реформи и пристојно место за живот и работа.Граѓаните ја споделуваат оваа визија и сакаат да станат дел од европското семејство и да придонесат во втемелувањето на европски принципи, демократија, владеење на правото и економски просперитет, порача Османи.