“Тоа што направи Русија е кршење на меѓународното право и на европската безбедносна архитектура. Многу е важно Украина да победи во оваа војна. Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми”, рече денес шефот на дипломатијата Бујар Османи на редовниот брифинг со новинарите во врска со референдумите во окупираните територии од Русија во Украина.
“Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја”, додаде Османи на брифингот.
Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција.
Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.
– Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг.
На прашањето дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.
– ДУИ е стабилна политичка структура, не очекуваме никаков понатамошен развој на настаните, додаде Османи.