• Latest

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008 година

December 18, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008 година

December 18, 2023 13:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека со неусвојувањето на потребните уставни измени се ризикува на земјава да и се повтори грешката од Букурешт 2008 година, овојпат со заглавување на евроинтегративниот пат.

Во утринското интервју за Слободен печат, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја коментираше и поздрави геополитичката одлука на Европската Унија за почеток на преговори со Украина, посочувајќи дека граѓаните на Северна Македонија не се вознемирени од позитивната одлука на Унијата за Украина, туку од политичарите коишто со неусвојувањето на потребните уставни измени ризикуваат повторување на грешката на Букурешт 2008, се вели во соопштението од МНР.

Според Османи, тоа би значело повторно долгорочно заглавување на државата на евроинтегративниот пат, т.е., околу најважните прашања за граѓаните: за стандардот, за нивната одлука дали ќе останат овде или ќе заминат надвор, за работните места, за нивните плати, за здравството, за образованието.

-Паметните учат од туѓите грешки, непаметните од своите. Ние се доведуваме во ситуација, ни од своите грешки не учиме. Дозволуваме повторно едни темни сили – националистички, да ни ја киднапираат иднината заради лични агенди. Јас сум сигурен дека подоцна ние ќе најдеме решение бидејќи времињата не се од Букурешт 2008 година, но теоретски ризикот е ние уште една декада да изгубиме, истакна Османи, повикувајќи ги опозициските партии да не останат индиферентни во овие критични времиња за иднината на земјата, да мислат за следните генерации наместо за следните избори.

Tags: Али ОсманиБукурешт 2008неодговорни политичари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ