• Latest

Османи оптимист за договор, ВМРО-ДПМНЕ калкулира, ДИК чека владина Уредба за избори

June 11, 2020
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Османи оптимист за договор, ВМРО-ДПМНЕ калкулира, ДИК чека владина Уредба за избори

June 11, 2020 13:45
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереција, истакна дека се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Сè уште верува, дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување на датум за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели со добивањето на одлука за почеток на преговори со ЕУ, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

„Во однос на медијацијата мислам дека ние веќе стануваме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за започнување на преговорите и медијацијата односно помагањето од страна на ЕК не го гледам како прашање на надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеи кој е комесар на Унија каде ние веќе полека стануваме дел. Така што добредојден е тој вид на медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам апсолутно со неговиот твит дека се потребни фер демократски  и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности во врска со пандемијата“, изјави Османи.

Во врска со уредбата што синоќа ја донесе Владата, а е поврзана со одредени изборни дејтва, Османи истакна дека таа се повикува на претходната Уредба донесена во март во која беше прекинат рокот за избори.

„Тогаш всушност се одреди дека на денот кога ќе заврши вонредната состојба се враќа редовниот изборен рок, што значи 22 дена по завршување на вонредната состојба. Со донесување на вчерашната уредба всушност направивме само некои прецизирања од аспект на контрола на изборниот список, повикувајќи се на законската норма, но и неколку обврски што треба да ги направи Министерството за здравство за да ги обезбеди заштитните лични средства за ДИК. Се уште се надевам дека комуникацијата помеѓу политичките партии ќе продолжи во идните денови.Се уште мислам дека има простор за еден правичен инклузивен процес на 5 јули“, рече Османи.

ВМРО-ДПМНЕ засега останува на своите ставови во врска со предвремените парламентарни избори, за што изборните дејствија прекинаа поради ширењето на коронавирусот. По синоќешната владина Уредба за продолжување на изборните дејствија за изборите, од ВМРО-ДПМНЕ за МИА нагласуваат дека за нив е најважно здравјето на граѓаните, особено во ситуација кога имаме секојдневно зголемување на бројките на заболени од Ковид-19.

Од таму не кажуваат датум што тие сега во вакви околности би го прифатиле или предложиле за одржување на изборите, иако одредени медиуми пишуваат за средината на јули. Власта инсистира за избори на 5 јули, што за ВМРО – ДПМНЕ беше и останува неприфатливо.

Освен заштитата на здравјето на граѓаните, како што потенцираат од партијата, тие преферираат на евентуалните избори да се ганарнтира присуство на меѓународната мониторинг мисија на ОБСЕ/ОДИХР и други меѓународни претставници.

Владината уредба за продолжување на изборните дејствија беше донесена синоќа. За неа не гласаше министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Различни ставови во врска со продолжувањето на изборните дејствија и начинот како тоа се прави имаат и во Државната изборна комисија, чиј претседател Оливер Дерскоски доаѓа од редовите на опозициската партија.

Државната изборна комисија ја очекува официјално Уредбата со законска сила донесена синоќа од техничката Влада, со која се продолжуваат изборните дејствија за предвремените парламентарни избори.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски за МИА вели дека не би сакал како прв човек на Комисијата да ја коментира Уредбата пред да ја види и дека официјално тој и членовите на Комисијата ќе се изјаснат кога ќе ја видат нејзината содржина.

Деркоски, кој е делегиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изнесувајќи личен став, вели дека со Уредба не може да се уредуваат норми кои веќе се уредени со Изборниот законик. Уредбата со законска сила, додава тој, трае додека трае вонредната состојба. Деркоски повторува дека нема да дозволи да работи незаконски. Сепак, нагласува дека пред што било друго да каже, ќе чека да ја види Уредбата.

Членовите на ДИК, според информациите на МИА, се во Комисијата и во очекување да ја добијат Уредбата, откако таа ќе излезе во Службен весник, и да одржат средба на која треба да се договорат околу натамошните активности на Комисијата согласно оваа Уредба.

А. П.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ