Бујар Османи, претседателскиот кандидат од ДУИ, денеска на прес-конференција го најави почетокот на караванот на „Европскиот фронт“ на претседателските избори.
Тој истакна дека претстојните избори се народен референдум за иднината на државата и оти патот кон интеграција во Европската унија е единствениот пат напред. Османи, смета дека неговите искуства и знаења ќе помогнат да се оствари сонот за евроинтеграции. Тој најави дека неговата кампања ќе се води под слоганот на Европскиот претседател и изборната програма „Декалог на Европскиот Претседател“ со број 4.
„Денеска започнувам една многу важна мисија не само за мене туку и за сите граѓани на државата. Едниот пат не води кон просперитетна европска иднина, додека другиот пат нè води кон изолација, нејаснотија и пат без перспектива“, рече Османи.
Овие избори не се обични, кажа Османи, тие се народен референдум за иднината на нашата држава.
„Бидејќи ми дадовте можност да служам во најважните интегративни процеси во државата, верувам дека имам искуство и знаење, имам кредибилитет и контакти во центрите за одлучување, имам заложба да го исполнам сонот на секој семејство и граѓанин во нашата земја, а тоа е интеграцијата во Европската Унија“, истакна Османи.
Тој рече дека од денеска, под слоганот на Европскиот претседател и со изборната програма што ја нарековме Декалог на Европскиот Претседател со број 4, на овој ден 4 април, избран за симбол на членството во НАТО, ќе одиме во секоја земја да ги слушнеме сите очекувања и барања на граѓаните, но и да ги откриеме нашите планови за интеграција на земјата во ЕУ.
Н. А.