• Latest

Османи: Регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и создавањето на заедничкиот пазар, цели на Берлинскиот процес

October 16, 2020
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и создавањето на заедничкиот пазар, цели на Берлинскиот процес

October 16, 2020 13:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Османи, денеска во Скопје имаше воведно обраќање на Состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите учесници во Берлинскиот процес на тема: „Национална, прекугранична и човечка безбедност во време на пандемија: стратегија, координација и синергија меѓу ЕУ и Западен Балкан.

„Го отвораме патот за вториот дел од заедничкото претседателство со Берлинскиот процес, кој го менаџираме заедно со нашите партнери од Република Бугарија. Во текот на овој и следниот месец ни претстои интензивна и набиена Агенда, серија министерски состаноци и работни сесии, кои имаат за цел да кулминираат на дводневниот Самит во Софија на 10 ноември, кога се надевам дека заеднички ќе прогласиме напредок и успех во регионалната соработка“, истакна Османи, посочувајќи на бројните иницијативи што ќе се отворат на пристојниот состанок од кои посебно значење придаде на иницијативата за Регионалниот договор за слободно патување со лични карти.

„Успехот на оваа иницијатива значително ќе го олесни понатамошното слободно движење на нашите граѓани и добра низ целиот регион како клучна цел на т.н. ‘Конективити агенда’, што, пак соодветно значи и зајакнување на економската размена, на поголем потенцијал за бизнис, создавање можности за поголема размена и во туризмот“, нагласи Османи.

Министерот посочи и на целите на Берлинскиот процес подвлекувајќи ги регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и создавањето на заедничкиот пазар како фундаменти на економскиот раст и подготовка на регионот за пристап кон заедничкиот европски пазар.

„Регионот се менува и тоа согласно нашите домашни и регионални потреби за поголема меѓусебна поврзаност, за поголема културна, економска и општествена размена од која бенефит ќе имаат нашите граѓани, но да го менуваме и согласно европските принципи, стандарди и секако вредности, затоа што на регионот му е потребна европеизација по сите линии на општественото дејствување, затоа што овој Регион е дел од Европа и наскоро треба да биде и дел од Европската Унија“, потенцираше Османи.

Состанокот на министрите за внатрешни работи се одржува на тема „Национална, прекугранична и безбедност на луѓето во време на пандемија: стратегија, координација и синергија помеѓу ЕУ и Западен Балкан“, во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е прв од серијата министерски состаноци на веројатно најважната регионалната иницијатива – Берлински процес, иницијатива која несомнено изврши, и сѐ уште има огромно влијание врз европската перспектива на целиот Регион.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ