• Latest

Османи: Во 2023 најголем предизвик претседавањето со ОБСЕ, но и да се обединиме против поделбите

December 31, 2022

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Во 2023 најголем предизвик претседавањето со ОБСЕ, но и да се обединиме против поделбите

December 31, 2022 14:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во новогодишно обраќање посака поуспешна 2023 година која ќе нè обедини против поделбите и ќе создаде можност да се посветиме на напредокот со, како што вели, поглед вперен кон иднината, што е единствениот пат до успехот.

Според Османи, почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија по 17 години кандидатски статус, забрзувањето на процесот на ЕУ-реформите, лансирањето на Стратешкиот дијалог со САД и потпишувањето на договорот за Фронтекс, кој долги години беше заглавен поради несогласувањето за употребата на македонскиот јазик, се едни од најзначајните успеси кои Северна Македонија ги постигна на полето на надворешната политика во 2022 година, а кои директно влијаат на напредокот на земјата.

Османи во новогодишното обраќање ги акцентира придобивките од преговорите со ЕУ, за кои рече дека ќе ги почувствуваме многу брзо, потенцирајќи дека секој чекор напред во преговорите, ќе значи и чекор напред во однос на квалитетот на животот за секој граѓанин.

– Во 2022 година донесовме одлуки со кои многу брзо нашиот сон за економски силна земја стануваат реалност. Ги започнавме преговорите со Европската Унија со што ја остваривме клучната стратешка цел поставена пред 30 години. Почетокот на преговорите со ЕУ, значи зајакнување на куповната моќ на граѓаните, но и намалување на социјалната ранливост на нашето општество, а тоа е најважно за квалитетен и безбеден живот на сите наши граѓани, потенцира Османи.

Изминатата година, наведува Османи, земјата го започна и членството во Унијата за Медитеранот, како една од поголемите мултилатерални организации за соработка на Европа со земјите од Медитеранот, а беше организирано и второто издание на „PrespaForumDialogue“, со цел Северна Македонија да продолжи да биде градител на мостови низ целиот регион.

Според Османи, најголемиот предизвик во годината која следи започнува од 1 јануари 2023 година, кога Република Северна Македонија официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална организација за безбедност и соработка која опфаќа 57 држави учеснички од Европа, Средна Азија и Северна Америка.

Министерот Бујар Османи ќе претседава со оваа важна мултилатерална организација која работи на сеопфатни аспекти на безбедноста поврзани со политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија.

Со ова, Северна Македонија се афирмира како активен чинител во генерирање на стабилност во поширок регионален контекст.

– 2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност. Во услови на војна во регионот на ОБСЕ и сложени политички односи помеѓу земјите учеснички ќе се фокусираме на намалување на тензиите, обновување на довербата, просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето, подвлече министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ во 2023 година, Бујар Османи во новогодишно обраќање до јавноста.

Османи потенцира дека Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план. Сега имаме можност, вели тој, со таа наша зрелост и знаење да бидеме клучен играч, да ги водиме и да придонесуваме за меѓународните политики и процеси.

– Фокусот на претседавањето ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. Во тој контекст, приоритет ќе се стави на и теренските мисии, при што ќе се преземат и поддржат конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредувањато на нивните права и слободи, истакна Османи.

Освен фокусот на теренот во областите зафатени со конфликти, приоритетите на Северна Македонија како претседавач ќе бидат реафирмацијата на придобивките на ОБСЕ и обновување на дијалогот, како и обновување на довербата и инвестирањето во мирот и отпорноста на ОБСЕ, како најдобар начин за справување со безбедносните предизвици.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиевроинтеграцииЕУОБСЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ