ВЕСТ НА ДЕНОТ
Османи во Украина, отворена македонската амбасада во Кијив, во агендата и Ирпин
Министерот за надворешни работи Бујар Осамни денеска е во посета на Украина, каде што во Кијив се сретне со министерот за надворешна работа на Украина, Дмитро Кулеба со кој разговараа за руската воена агресија и како Северна Македонија може да помогне.
ЦИВИЛ Медиа ексклузивно дозна дека во првиот дел од неговата посета Османи го посети Ирпин, каде, како и во Буча, беа извршени голем број воени злосторства од руската армија.
Централна тема на разговорите беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност.
„Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина, и Украина ја заслужува сета почит, помош и поддршка поради тоа“, изјави Османи, појаснувајќи дека државата од почеток се приклонила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Морачанин: Војната во Украина предупредува дека мора да се забрза имплементацијата на зелената економија
Лозановска: Циркуларната економија е линк меѓу економскиот развој и заштита на животната средина
ВОЈНА ВО УКРАИНА
На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти. Руските војници Александер Алексејевич Иванов и Александер Владимировиќ Бобикин, на судењето во североисточниот украински град Котелево, се изјаснија за виновни.
*
Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харкив. Повредени се 17 лица.
*
Притисокот врз Русија е буквално прашање на спасување животи, додека секој ден на доцнење, слабост, разни спорови или предлози за „смирување“ на агресорот на сметка на жртвата се нови убиени Украинци и нови закани за сите на европскиот континент, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДИПЛОМАТИЈА Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, која беше привремено затворена заради безбедносни причини, по руската инвазија врз Украина.
ИНТЕГРАЦИИ Имаме високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите на Европската Унија со Албанија и Северна Македонија и тоа уште во текот на француското претседателство со ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“, што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје.
СРЕДБА Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна денес со бугарскиот европратеник и известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, г. Илхан Ќучук, и разговараа за досегашниот тек на преговорите со соседна Бугарија, потребата од нивно динамично продолжување со уште поконструктивен пристап за деблокирање на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за билатералните проекти кои ќе ги продлабочат добрососедските односи.
МЕДИУМИ ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во ОЈО за заштита на новинарите.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со ранет војник кој, по чудна случајност, исто така бил работник во фабрика со кој претходно се сретнал. Без знаци за какви било рани (или постелнина) Путин разговара со „војник“ кој има неверојатна сличност со работник во фабрика со кој разговарал во 2017 година.
Панел дискусијата од серијалот настани „Зад димната завеса“.
Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.
Како Чеченецот Кадиров го „реши“ Зеленски, и други закани
Чеченскиот лидер, верен поддржувач и извршител на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, со своите простачки коментари и закани, со кои стана рол модел кај овдешните путинисти, повторно ги запали страстите кај руски пропагандисти од овие простори.
Најновата закана Кадиров и ја упати на Полска, преку видео објавено на Твитер, во кое чеченскиот лидер вели дека „прашањето за Украина е затворено“, а следно е Полска.
СЛОБОДНА ЗОНА

Се добива впечаток дека Џафери станува најслабата политичка „алка“ во власта исправена пред стратегијата на опозицијата за потребите на предизвикувањето предвремени избори да се прошири перцепцијата дека демократијата во земјата се гуши, само за власта да остане на власт. Со своето однесување тој просто им се „нуди“ на опозиционерите од него да создадат политичка „пињата“ и недемократска „бабарога“, причина повеќе за „веднаш, сега и итно“ да се оди на вонредни избори. Како власта да има малку предизвици за решавање, само уште ваквиот Џафери им недостигаше, пишува Сашо Орданоски во колумната – „Бабарогата“ Талат Џафери.

Најдобрата пропагандата е онаа што успева барем дел од јавноста да убеди дека фактите и вистината се пропаганда.
Загрижувачко е сознанието дека голем дел од луѓето го формираат својот став, па и одлуките за кого ќе гласаат, токму врз основа на тоа што читаат на социјалните мрежи. Тоа се за нив „алтернативните извори“ кои се „точни“ и „вистинити“ и не се пропаганда. А во тоа ги убедила токму руската пропаганда. Маестрално!, пишува Џабир Дерала во анализата „Вистината не боли“.
Д. Муратов












