• Latest

11 јуни: Оставки, апанажи, чистки, концерти…

June 11, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

11 јуни: Оставки, апанажи, чистки, концерти…

June 11, 2019 17:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Груевски и Богоевски повеќе не се пратеници

На денешната собраниска седница претседателот  Собранието, Талат Џафери  ја констатираше оставката на Никола Груевски, испратена од Унгарија. Со овој акт, предлогот за одземање на мандатот, што го донесе собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања е беспредметен и беше повлечен. По констатацијата на оставката, спикерот Џафери даде налог ДИК да го испрати наредниот кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ за да може да му биде верификуван мандатот.

Павле Богоевски поднесе оставка поради објавената снимка со компромитирачки разговор по телефон. Тој најави дека ќе му се врати на граѓанскиот активизам од каде и дојде во пратеничките клупи.

Груевски и Богоевски ќе користат ли апанажа?

И Никола Груевски и Павле Богоевски, според законот за плата на пратениците, имаат право на апанажа, односно на плата во висина на досегашната од илјада евра, во рок од една година. Груевски засега нема поднесено барање, а Богоевски вели дека се` уште размислува дали да го направи тоа. Апанажата, сепак, треба да биде одобрена од собраниската комисија за Избори и именувања.

На местото на Груевски во Собранието треба да седне Ѓоко Камчев од листата на ВМРО ДПМНЕ во петтата изборна единица, а Богоевски ќе го замени Александар Филиповски од листата на СДСМ од првата изборна единица.

Дали ДУИ ќе оди по стапките на СДСМ?

Високото претседателство на ДУИ, на вонреден состанок одлучи дека на претстојните внатрепартиски избори, лидерите на ограноците треба да бидат и координатори. Со оваа нова задача, тие нема да имаат право да бидат повторно избрани на позициите, како претседатели на ограноците. На овој начин ДУИ сака да ја смени структура на ограноците со нови претседатели.

Горан Таневски одбележува 35 годишна музичка кариера

Музичарот Горан Таневски на 13 јуни, ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје, со цел да се одбележат 35 години на неговото присуство на музичката сцена. Таневски ќе настапи како дел од проект што го носи името „Мизар – друго откровение“.

Култниот бенд „Мизар“ е формиран во 1981 година во Скопје од членовите на групата: Горазд Чаповски (гитара), Ристо Вртев (вокал), Илија Стојановски (бас гитара) и Панта Џамбазоски (тапани).  Во 1985 година, на местото на Ристо Вртев како пејач дошол Горан Таневски.

Д. Муратов

Share58Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ