• Latest

Остин: НАТО никогаш не бил толку силен и обединет како што е сега

October 12, 2023

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Остин: НАТО никогаш не бил толку силен и обединет како што е сега

October 12, 2023 09:30
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш досега не сум го видел НАТО толку силен и обединет како што е сега и оваа средба ќе биде можност да разговараме за плановите за зајакнување на неговата одбрана и потенцијал за одвраќање, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред денешниот почеток на заседанието на Северноатлантскиот совет во рамки на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во Брисел.  

Остин истакна дека покрај за поддршката на Израел и неговото право на самоодбрана, на денешната министерска средба ќе се разговара и за начините за имплементација на договорите постигнати на Самитот на НАТО во Вилнус во јули годинава.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од своја страна, пак, изрази благодарност до САД за нивното безбедносно водство на сите членки на Алијансата за прашањата поврзани со Блискиот Исток, Украина, Косово и за одбраната.

Тој информира дека на средбата министрите разговараат како да се поддржи Украина, за одбранбените планови на НАТО и за мисијата во Косово, а  од израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ќе бидат информирани за случувањата во Израел по терористичкиот напад на Хамас од викендов.

Според најавата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, главни теми на средбата на Северноатлантскиот совет, што се одржува на ниво на министри за одбрана или нивни претставници, ќе бидат плановите на НАТО за зајакнување на одвраќањето и одбраната, мисиите и операции на Алијансата, штетата на критичната подводна инфраструктура во Балтичкото Море, како и ситуацијата на Блискиот Исток.

Покрај Галант, кој ќе учествува на средбата преку видеоконференциска врска, на заседанието на Советот ќе присуствуваат и шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон, чија земја е во процес на зачленување во НАТО, како и заменик генералниот секретар за мир, безбедност и одбрана на Европската служба за надворешни работи, Шарл Фрајс.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: НАТООстин
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ