Претседателот Стево Пендаровски со кратка порака на својот Фејсбук профил го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани.
„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување.
Претходно осуда стигна и од македонското министерство за надворешни работи, каде посочија дека вековната традиција на карневалот не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, а особено нашите соседи.
„Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на карневалот во Вевчани, чин кој не само го нарушува реномето на Карневалот, туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија“, соопштија од министерството.












