Вчера во Полициската станица Охрид, вработен во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“ пријавил дека на 12.03.2018 година во 20.20 часот во една од собите во притворското одделение, Л.М. (31) од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен.
Пожарот бил изгасна по интервенцијата на екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот.
Д.М.