• Latest

„Откриј, запомни и сподели“

October 25, 2017
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Откриј, запомни и сподели“

October 25, 2017 12:42
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Откриј, запомни и сподели“ е годинешново мото за настаните што ќе бидат организирани по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, од светските филмски архиви, музеи и институции кои работата во сферата на заштитата на културно наследство. Македонскиот дел од одбележувањето ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, на 27 октомври, како дел од светската иницијатива на УНЕСКО и на Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви

Во петок, во периодот од 11 до 14 часот, во Кинотеката ќе бидат отворени работни простории и депоа за студенти, ученици, колеги од сродните институции и од Секторот за заштита на културното наследство, како и за граѓаните.

Во киносалата ќе се одржи проекција на филмот „Македонија во слики“ на Арсени Јовков од 1923 година, а предавање за филмот, ликот и делото на Арсени Јовков ќе одржи д-р Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.

Филмовите на Бранко Гапо – „Денови на искушение“, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Македонска сага“ и „Време“ ќе бидат издадени како дигипак-комплет и ќе бидат достапни на македонската јавност.

Стручни лица од Кинотеката на Македонија ќе учествуваат на меѓународната конференција за хрватското филмско наследство, што ќе се одржи на 26 и 27 октомври во Државниот хрватски архив во Загреб. М-р Игор Старделов, виш филмолог и Владимир Ангелов, виш филмолог и в.д. директор на Кинотеката на Македонија, ќе учествуваат на панел-дискусии, а претставник на Управата за културно наследство на Република Македонија ќе биде Мими Ѓоргоска-Илиевска, која исто така, ќе земе учество на панел-дискусијата со наслов „Европски искуства и практики во зачувувањето на филмското наследство“.

27 Октомври беше избран како Светски ден на аудиовизуелното наследство од УНЕСКО во 2005 година, а целта е подигнувањето на јавната свест за институциите кои помагаат да се зачува овој вид културно наследство и покрај многуте фактори што го згрозуваат неговиот опстанок.

Настанот ќе биде обележан во повеќе од 70 различни места низ светот, а во соседството, во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

А. Петровска

Tags: аудиовизуелно наследствоКинотека на Македонијасветски денУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ