• Latest

Отворен е првиот Дневен центар за лица со Даунов синдром

May 28, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворен е првиот Дневен центар за лица со Даунов синдром

May 28, 2019 14:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се отвори првиот Дневен центар за Даунов синдром во Република Северна Македонија. Новиот Центар се наоѓа зад Соборниот Храм, на вкупна површина од 381 м2. Вкупната инвестиција на МТСП за овој центар изнесува околку 6 милиони и 500 илјади денари. Целата адаптација и опремување на овој Дневен центар е во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

„Со социјалната реформа ги унапредуваме правата на лицта со попречености. Освен што зголемивме дел од надоместоците работиме и на развој на услуги на локално ниво како што се дневните центри и персоналните асистенти. Овие центри значат многу во локалната заедница, а наша крајна цел е да овозможиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите. Во сите наши активности целосно ја следиме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено нејзините одредби за независен живот и независно одлучување кои се основата на развојот на сите нови индивидуални услуги коишто во минатото не постоеле“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Во Центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa. Дополнително, на долниот спрат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг сервис. На овој начин децата и младинците од Центарот со поддршка на стручни лица и родителите, ќе можат да бидат и работно ангажирани.

Развојот на Центарот се одвива со поддршка од лица на Центарот за социјална работа, Заводот за социјални дејности и Градот Скопје кој веќе финансира проект за поддршка на децата со Даунов синдром во рамките на овие простории. Секако, тука е и соработката со родителите на децата, и со Граѓанските организации како Трисомија 21, со кои министерството развива партнерски односи од самиот почеток.

„Ги повикувам сите родители да се пријават во ЈУ МЦСР на Град Скопје или во просториите на Дневниот центар за деца со Даунов синдром да добијат информации за начинот на користење на услугите на Центарот и да поднесат барање за користење на наведените услуги“, дополни Царовска.

Share160TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ