Отворена е новата зграда на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. Новото седиште на Центарот кој е под капата на бугарското Министерство за култура е на улицата Никола Вапцаров.
-Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста. за Бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот во Бугаријаи маат за цел да не доближат како народи и култури. Отоврете ги ширум портите на културата – порача на отоврањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На отворањето присуствува и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков. Во Центарот е отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија и Бугарија.
Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година