• Latest

Ова е универзитет за Латинска Америка, каде имало воени режими!

February 6, 2016

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ова е универзитет за Латинска Америка, каде имало воени режими!

February 6, 2016 11:50
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Одборот за акредитација и евалуација на високото образование издаде дозвола за формирање на нов државен универзитет на македонски јазик во Скопје –  “Дамјан Груев”, ЦИВИЛ Медиа разговараше со професори од универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, за нивниот став, по прашањата – дали има потреба од уште еден универзитет, има ли доволно кадар што ќе предава на новиот универзитет, и што тоа значи за образовниот систем во Македонија? 

Професорката д-р Гордана Силјановска – Давкова, од Правниот факултет на УКИМ е  категорична дека со отворањето на новиот универзитет не е во прашање создавање на фабрика на знаење, туку зад иницијативата се кријат партиски интереси.

“Минатата година, кога организиравме протести, во првиот одговор на Министерството за образование и наука и на Владата, стоеше дека дел од универзитетите и дел од вработените, не ги исполнуваат построгите критериуми кои властите имаат намера да ги воспостават и врз основа на тие критериуми да го подобрат квалитетот на високото образование… Јас би се радувала кога би зборувале за некој универзитет кој ќе ги собере нашите најдобри дипломци од престижните универзитети во светот. Но, знаеме дека не е тоа целта, затоа што да е така, ќе имаше темелна дебата. Ако се работи за уште еден универзитет, би требало сите постојни факултети да се изјаснат. Доволно ни се ‘фабрики за хартија’, и не мислам дека интенцијата е да добиеме ‘фабрика за знаење’. Поради брзината со која се одвива постапката, не видовме физибилити студија, не видовме аргументација, и тоа ми дава сомнеж дека се работи за партиска конструкција… Вината е и кај дел од професорите и факултетите кои се вклучија од лукративни причини во процесот на продукција на магистри и докторанти. Но, за жал, како и со парите и со дипломите, колку повеќе ги има во оптек, помала им е вредноста!“, резигнирано констатира д-р Силјановска – Давкова.

„Скратената постапка е преседан, не во Македонија, оти и во минатото имавме таква пракса, но во светот. И процедурално, има пракса владите во последната година од својот мандат, посебно во последните шест месеци, да не се впуштаат во крупни проекти, туку да ги завршат започнатите, и да делуваат на некој начин – технички, затоа што им е истрошен легимитетот и не можете пред заминувањето да посегнувате по решенија, кои не само што се однесуват на постојната образовна мрежа во Македонија, туку и на сите граѓани. Оти доброто образование е скап проект и најдобра инвестиција – ако е добро вложена. Не знам ни колку е исплатливо, да отворате ваков универзитет, ни колку можеме да го ‘покриеме’ со кадар, ни колку сето тоа е потребно во ваква земја… Можеби во некои држави од Латинска Америка, каде имало воени режими, можеби има потреба, но ваква гломазна структура, не соодвествува со потребите и природата на безбедносните структури во Македонија.”, смета професорката Силјановска – Давкова.

Марија Теговска

Tags: воен режимдипломиобразовен кадарПравен факултетуниверзитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ