• Latest
Руските ракетни и артилериски напади врз нуклеарната централа во Запорожје, Украина, предизвикаа пожар ноќта меѓу 3 и 4 март 2022.

Падна најголемата нуклеарна централа во Украина, САД со поддршка за „Отворен Балкан“, Амбасадата на Украина собира хуманитарна помош

March 4, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Падна најголемата нуклеарна централа во Украина, САД со поддршка за „Отворен Балкан“, Амбасадата на Украина собира хуманитарна помош

March 4, 2022 16:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Руските ракетни и артилериски напади врз нуклеарната централа во Запорожје, Украина, предизвикаа пожар ноќта меѓу 3 и 4 март 2022.

Руските ракетни и артилериски напади врз нуклеарната централа во Запорожје, Украина, предизвикаа пожар ноќта меѓу 3 и 4 март 2022.

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Координаторите на Отворен Балкан на средба со Ескобар во Вашингтон: Поддршка за иницијативата и нејзиното проширување

Делегација на Владата на Северна Македонија составена од националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска Старова и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми имаа работна средба во Вашингтон со Габриел Ескобар, заменик помошник на државниот секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на студиската посета во САД на регионалната координативна група на иницијативата “Отворен Балкан”.

Претставниците на Стејт департментот изразија силна и недвосмислена поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан и особено за регионалната економска и политичка соработка како што е Отворен Балкан. Иницијативата Отворен Балкан беше оценета како соработка која дава конкретни резултати, која е препознаена од граѓаните, компаниите и институциите и која е на линија со европските политики и регулативи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Руски народе, како може ова да се случува? Заедно се боревме со последиците од катастрофата во Чернобил во 1986 година. Мора да се сеќавате на пепелот распрскан по експлозијата. На жртвите. Мора да се сеќавате на сјајот над уништената енергетска единица. Мора да се сеќавате на евакуацијата од Припијат и зоната од 30 километри. Како можете да заборавите? А ако не сте заборавиле, не можете да молчите. Морате да им кажете на своите власти, да излезете на улица и да кажете дека сакате да живеете. Да живеете во земја без радиоактивна контаминација. Радијацијата не знае каде е границата на Русија“, истакна Зеленски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските војници ја нападнале нуклеарната централа Запорожје. Зафатен е електроенергетскиот блок 1, избувнал пожар во управна зграда. Од утрото на 4 март, локацијата на ЗНПП беше заземена од руски војници. Позадината на зрачењето е во рамките на природните вредности.

Министерството за надворешни работи на Украина најостро го осудува гранатирањето и заземањето од страна на окупаторските вооружени сили на Руската Федерација на подрачјето на АЕЦ Запорожје во градот Енергодар, соопштуваат од МНР на Украина.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во разговор за Фокс њуз во четвртокот ги упати некои од неговите најдиректни критики досега за администрацијата на Бајден дека не испратила помош порано додека неговата земја се обидува да се бори со руската инвазија.

Русија претставува закана и за Балканот, но не во смисла на инвазија, туку во смисла на негова дестабилизација, оценува во коментар за МИА за руско-украинската криза професорот Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ ЕУ треба да го забрза проширувањето кон Истокот, рече Бујар Османи, алудирајќи на блокадата за Северна Македонија и Албанија, во контекст и на барањето за членство на Украина, Молдавија и Грузија.

СОСТАНОК Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО заедно со Финска, Шведска и ЕУ денеска се состануваат вонредно во Брисел да се координираат за следните чекори пред засилената руската агресија во Украина.

ПОМОШ Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија отвори сметка за собирање средства за поддршка на Украина. Собраните средства ќе бидат искористени за хуманитарни потреби.

ВОЈНА Русија и Украина ја завршија втората рунда разговори во Белорусија. Тие се појавија со мал напредок кон решавање на конфликтот, но се согласија да воспостават „хуманитарни коридори“ кои водат надвор од областите на интензивни борби.

СУД Истражителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) почнаа да ги истражуваат можните воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител на судот, Карим Кан.

ПОДДРШКА Во текот на изминатата недела, луѓето ширум светот ја изразија својата осуда на тековната руска инвазија на Украина. Демонстрантите маршираа по улиците и градските плоштади, одржувајќи бдеење и митинзи за поддршка на Украина и спротивставување на војната. Фотографии од антивоени протести.

АПЕЛ Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА, пренесе МИА.

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ

Драган Мишев на панелот на ЦИВИЛ „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, (на 2 март), се осврна на иницијативите на ЦИВИЛ меѓу кои и тие за пормена на Изборниот законик и заложбите за една изборна единица.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Искра Јанковска Михајловска – Претседателка на Собранието на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, која зборува за архитектурата и урбанизацијата, грдото и естетското, просторот и узурпацијата, политиката и стручноста, Универзалната сала и носталгијата, спомените и реалноста и за уште по нешто.

ЕДИТОРИЈАЛ

Џабир Дерала

„Како да се преговара со ваков лик (Путин)? На првиот ден од инвазијата не му крена слушалка на украинскиот претседател, Зеленски. Вториот ден рече дека сака да преговара, ама само под негови услови кои значеа капитулација на Украина. Третиот ден рече дека не е проблем, сака да разговара за мир. Четвртиот ден, посегна по црвеното копче, рече дека сѐ уште сака да преговара, ама истото попладне испрати 4,5 километри долга колона тенкови на Киев (во моментот на пишување на овој текст се на околу 50 км од главниот град).

Овој лик е опасен колку што е луд. Ако некој и реши да преговара со него, подобро му е да носи флаширана вода, сендвичи од дома и гас маска, а секако и панцир, бидејќи студениот психопат од Кремлин е познат по тоа што многу сака да ги убива своите опоненти (со огнено оружје, јаже или отров)“, пишува Џабир Дерала во Едиторијалот „Единствените сојузници на Путин се лагите и теророт“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

„Поплавата“ од емотивно силно набиените вести за воените, политичките и хуманитарните случувања на боиштата во Украина и вистинскиот земјотрес што глобално го погоди светот поради воената агресија на Русија, не ја менува суштината на работите на терен: Русија е пресилен противник за украинската одбрана и, без разлика на херојството и жртвите на кои се подготвени Украинците или на почетното тактичко неснаоѓање (како што тврдат голем број западни воени аналитичари) на руската воена офанзива, треба да се претпостави дека, порано или подоцна, воената надмоќ на Русија ќе резултира со окупација на Украина. Во трагичните, разурнувачки детали, таа операција допрва ќе биде страшна, можеби ќе трае и со недели, но резултатот од таа нерамноправна борба е тажно предвидлив“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Украина ќе биде окупирана од Русите. Што потоа?“.

Атанас Кировски

„Дури и да е точна тезата за високата професионалност на македонските медиуми – не мислам дека граѓаните треба да ги третираме како овци и да им бираме што треба да слушнат, а што не, и да им го ускратиме правото на изворни информации. Но, за жал, нема ништо точно во оваа теза. Македонија е една од ретките земји која нема свои известувачи каде што се води војната во Украина, нити пак во Москва. Сите информации се од втора рака. Одамна нема надворешно-политички редакции со новинари кои би можеле тоа квалитетно да го сработат. Сето тоа е оставено на ДЕСК-от. А десковите се одамна многу слаби во држава каде информациите во вестите на меинстрим медиумите се подредени на тезата дека центарот на светот е меѓу Богородица и Табановце…, пишува Атанас Кировски во колумната „Цензурата како врвна цивилизациска придобивка“.

БЛИЦ

Дехран Муратов

„Говорот на пратеникот на Левица од македонската собраниска говорница, наликуваше како да го чита соопштението од Кремљ, кој беше пренесен од речиси сите македонски медиуми, а богами доби прилично добра минутажа во ударните вести, што е уште една потврда дека руските медиуми не се единствените што ја пренесуваат и оправдуваат војната во Украина, туку и нашите „проруски гласила“, пишува Дехран Муратов во блицот „Ќе го исклучи ли некој микрофонот на „Раша тудеј“ од собраниската говорница?“.

Дијана Тахири

„Најмалку што можеа да направат пратениците, e да ги исвиркаат пратениците Апасиев, Крмов и Стоиљковиќ кои беа против, а претседателот на Собранието да им го исклучи микрофонот.

Најмалку!

Веројатно немале свирчиња, а со два прста во уста можеби не знаат…“, пишува Дијана Тахири во блицот „Најмалку што можеа да направат вчера пратениците е да ги исвиркаат Апасиев, Крмов и Стоиљковиќ, ама немале свирчиња!“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ