Демаскиран дидерот на Левица, Димитар Апасиев, како ги манипулира(л) и лаже(л) своите следбеници и поддржувачи во врска со употребата на македонскиот јазик. Прво ги манипулирал дека македонскиот јазик не е признаен, а откако вчера премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лејен потпишаа Договор за Фронтекс, на македонски јазик без фусноти и ѕвездички, истиот Апасиев напишал „па нормално дека на македонски јазик ќе се потпише“.
Народно кажано, „маж рекол – маж порекол“. Во продолжение ви ги претставуваме неговите манипулативни објави на Твитер во врска со употребата на македонскиот јазик.
„Македонскиот јазик – чист, ама со фуснота (*дека е западнобугарски дијалект)!“, објави Апасиев на 1 јули 2022 година.
„Кога веќе го нема на македонски (оти нели, таков јазик не постои) стајте го францускиот предлог бар на руски на сајтов на Влада“, напишал Апасиев на 1 јули 2022.
„Таче потпишал договор на македонски јазик!? Туф-туф… Па на кој јазик бе, абдалу севрномакедонски? (И до кога нормалното ќе ни го продавате како вселенски успех)“, напишал Апасиев на 26 октомври 2022 година.
Д.М.