• Latest
Војо Маневски

Пајташка етика

November 11, 2022
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пајташка етика

November 11, 2022 12:49
in Uncategorized, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Некако ми стана навика да си играм со зборовите и да ја барам нивната содржина. Притоа ми е важно да бидат разбирливи и да се употребливи. Некои и не биле баш наши, ама се одомаќиниле како маче кое доталка до нечиј дом, а домаќините го примат како да е од под нивната стреа омачено. Овој текст сакав да го заглавам со името буразерска економија, ама се откажав кога најдов нов и поприкладен термин.

Така дојдов до овој прастар збор „пајташи“ и веднаш помислив дека е од турско потекло. Арно ама кога погуглав се отвори суштината не само на овој збор, туку и на еден од начините на кој го организираме општеството во кое живееме. Не само државата, туку и целата зедница ни почива на пајташење, а не на правен систем кој единствено треба да ја има силата на државата зад себе. Ете тој збор бил од персиско потекло, иако според некои лингвисти бил од уште постаро време, потекнувал од прастарите народи и нивните јазици. Издржлив збор со мали прилагодувања на изговорот, ама со исто значење низ милениумите.

Уште тогаш значел блиска врска меѓу разни лица кои не се во роднинска врска, туку сопствената верност ја градат врз заеднички интереси и правила кои самите ги одредуваат. Ова современо објаснување на овој прастар збор е доволно широка основа да се отсликаат многу од денешните појави во нашето општество. Мене ми западна за око оној дел од објаснувањето  за одредувањето на зедничкиот интерес. Значи пред сѐ, врската ја градат пајташите врз интересот кој сами го одредуваат како заеднички. Не според правилата кои ги одредува државата или добрите пракси на ортаклукот или чесноста, туку врз основа на сопствени изградени вредности и интереси. Тоа значи дека за нив правните правила не се преовладувачки, туку пајташките правила што сами ги одредиле како најважни.

Сите асоцијации за организации што израснале врз овие постулати ги знаете и често им даваме и некоја романтична боја, иако тие се секогаш надвор од општиот интерес. Новата појава е кога општиот интерес се димензионира според пајташките правила.

Читам аналази за економските модели и нивната имплементација во државите кои произлегоа од поранешна Југославија. Голема книга со обемна содржина од проф. Драган Веселинов. Ако треба да се проучува минатото за да не се повторуваат грешките, тогаш вреди да се прочитаат ваквите дела. Таму каде што ги нотира слабостите на договорната економија професорот објаснува дека грешката е во дефинирање на самиот поим. Слободниот пазар не постои кога има однапред дефинирана цена на производот  вели професорот. Но кога го објаснува целиот период од деведесеттите до пред три години вели дека сме сведоци на нов економски  модел, што тој го нарекува „буразерска економија“. Си земав за слобода овде да го додадам мојот предлог „пајташка“ зошто дури и подобро се вклопува во објаснувањето за неформалниот а силен економски модел. Тој вели дека место слободен пазар се појави пајташка заедница која самата ги одредува приоритетите според нејзините интереси, а социјалните последици ги остава на државата, која полека се претвора во место за социјални трансфери кон осиромашените граѓани кои се сѐ повеќе зависни од неа и се претвараат во гласачка машина за политичките партии што така ги врзуваат за себе не како искрени членови туку како клиенти.

Ако го таргетираат својот интерес во превземање и раководење со банките, тогаш тоа го прогласуваат за општ интерес и завладуваат со тој пазар. Секое пореметување на нивниот пајташки договор го сметаат за узурпација и реагираат безмислосно. Притоа ги користат механизмите на државата за своите интереси. Докапитализација на банковните салда за да се приватизира банката. Низа на фискални инструменти за стабилноста на банките, монетарната политика како помош на тој бизнис се само некој од мерките на државата кои се користат. Притоа се трудат банкарскиот бизнис да остане полузатворен за посилните регионални или европски играчи.

Пајташки договор е широката палета на субвенции на земјоделското производство. Се даваат средства за посеана култура без водење сметка колку таа култура успеала да стигне до пазарот. Малите сопственици со посед од два три хектара добиваат субвенции колку да не пропаднат, а целата сума на годишно ниво е над сто милиони евра  субвенционирање на земјоделското производство.Споисокот во кој се компаниите, регистрирани за оваа дејност, што добиле субвенции е кристална слика на пајташтвото. Овде има и друга политика во доцнењето на исплатата и потребата да се закупат и купат земјоделски парцели кои поради тоа доцнење запаѓаат во неликвидност. Тоа е спрегата меѓу пајташите и партиските клиенти вградени во институциите на системот.Најважно е да функционира пајташкиот систем.

Исплатливоста на градежништвото е сличен пример за таква политика која е резултат на пајташки договор. Околу 40 проценти од инвестираните средства беше добивката кај компаниите од 2009 година, па до денес.Тоа повлекува и корумпирање на оние што ги донесуваат урбанистичките планови. Сега има назнаки дека тој бизнис го исполнил договорот и  е во процес на трансформација што ќе рече, пред нов пајташки договор. Скопје 2014 е споменик по себе на моделот на концентрација на  финансиски, градежнички и политички интереси. Крстете го тоа како сакате, ама тоа е тоа.

Се сеќавате на полемиките и законските постапки за дозволите за производство на марихуана за медицински цели. Колку и кои компании добија дозвола за производство и складирање? Зошто запираше извозот  на некој производи од овој бизнис,слабо беше обезбеден складираниот род и зошто некој компании ги губат лиценцата? Има помлади колеги што ова можат да го истражат, иако во суштина оваа е задача на државните органи. Ете тоа е уште еден пример за пајташката соработка.

Најголем и допрва ќе биде во пораст е бизнисот за изградба на капацитети за производство на електрична енергија. Познавачите велат дека целиот концепт е започнат пред седум години и либерализацијата на пазарот на електрична енергија е поради тоа. Таквите пајташки договори покриени со геостратешка политика секако се надвор од мојот светоглед и капацитет на сознание, ама нашиве пајташи успешно се вклопија. Ветерници, сончеви електро централи, други капацитети од оваа намена сега се топ тема за договарање. Пред 12 години е најавена инвестиција на Самсунг во ветерници на планината Серта што се протега на источната страна на реката Вардар.Реакцијата на пајташите беше експресна и намерата на светскиот бренд во корен сопрена. Пример како посебниот интерес се преставува како општ.

Да не останам недоречен кога се работи за државниот апарат каде овој принцип е доведен до совршенство и ги наруши и основните човечки резони. Сѐ е под сомнение, секое кадровско место е со печат на некој пајташки договор, па дури и кога можеби и не е така. Ни престои недела во која ќе се сомневаме во било кој процес на заздравување на правосудството. Ако оние што сметаат дека интегритетот на обвинителите и судиите не зависи од  нивениот пајташки договор, туку е еден од основните столбови на функционирањето на државата и општеството и не успеат аргументирано да го одбранат, ќе се лизнеме сите во провалијата. Пајташите ни го зедоа не само општественото богатство туку и вербата и надежта дека останало нешто одговорно и човечко во нашава заедница што ја прекрстуваме и уставно структуираме секои пет-шест години. Законитостите на дијалектичкото единство на спротивностите ни се остваруваат пред очите. Кога спротивностите се зголемат толку што формата не ги одржува, доаѓа до разрешување на старата и создавање на нова форма. Револуција или бесконечна еволуција кај нас веќе не е прашање. Опстанок или пропаѓање е дилемата пред која сме изгледа сите

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ