Завршната конференција на Мрежа 23+ „Пандорина кутија или клуч за добро владеење“ ќе се одржи на 5 јуни во Холидеј Ин со почеток во 8:30 часот.
Воведни излагања ќе имаат Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, Зоран Заев, Претседател на Владата, Бујар Османи, Заменик претседател на Владата за европски прашања, г-дин Саша Богдановиќ, Градоначалник на Општина Центар и Гордан Калајџиев, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
На првата сесија, со почеток во 10 часот се оечкува да учествуваат и Рената Дескоска, министерка за правда, Џемали Саити, судија во Врховен суд и претседател на Здружение на судии, Љубомир Јовески, Јавен обвинител и Катица Јанева, Специјална обвинителка.
На останатите сесии ќе се зборува за борбата против корупција, темелните права и условите потребни за “уживање на правата” на државјаните на ЕУ, правото на глас, односно можноста да гласа и да се кандидира за локални избори.
Настанот е предвиден да трае до 17 часот. Конференцијата е поддржана од Општина Центар, а проектот Мрежа 23+ е финансиран од ЕУ и ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
МЛ